ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Зад Законот за ЈО стојат ЕУ и САД, апсурдни се нападите на Мицкоски што се по инструкции од Будимпешта

Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети, изјави Заев

January 23, 2020 17:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Прво, да се бара од опозицијата да биде предложен Јавниот обвинител се испраќа пораката дека Мицкоски има намера да остане опозиција, второ вака да се настапи критички за еден закон којшто знаат и тие и ние е целосно во координација со Европската делегација и ЕУ и правниот сектор на САД којшто работи со нас, е дефинитивно далеку од било каква нормалност во вакви сериозни моменти пред коишто сме. Морам да кажам дека самиот ваков закон е потврда дека нема ништо од она што беше кажано на прес конференцијата, дека некој се обидува на амнестира случаи, да скрие криминали на актуелна власт или слично за тоа е потврда што  законот е направен во консултација и зад него стојат ЕУ и САД“, изјави Зоран Заев, претседател на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање  за изјавата на Христија Мицкоски кој рече дека не седнува на маса за догвор додека не се прифатат нивните забелешки за Законот за ЈО, пред средбата на со членови на Управниот одбор на Масит, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии.

„Втората важна работа за ваквата прес конференција е тоа што инструкцијата доаѓа од Будимпешта, и нема ништо помалку ниту повеќе од тоа. Трето, самиот закон е направен политичарите да не местат обвинители, туку тој да биде структурно, системско решение далеку од рацете на политичарите во функција на јакнење на независноста и јакнење во правосудството. Со самиот овој закон се гарантираат сите актуелни случаи, започнати предмети и истраги без разлика за кого се однесуваат во државата, тука се и предметите којшто беа од СЈО, од организиран криминал, сегашни или минати и веројатно обезбедуваат и идни предмети.

Ако навистина се за вакво решение, јавно повикувам, а веројатно тоа ќе го направи и министерката за правда како лидер на работната група од наша страна, уште утре да седнат работните групи и веднаш да разговараат на писмени материјали за сето тоа да го решиме во функција и интерес на граѓаните“, истакна Заев.

Заев дополни дека сега сите се потребни, постои систематско решение и има доволно аргументи за конечните одлуки на ЕУ и ЕК кога станува збор за Северна Македонија.

Next Post

Контраспин: Мицкоски манипулира со транзицијата, Заев пред 25 години не беше во СДСМ

Shortcut

Најново

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026
Конц-логор Омарска, 1992, БиХ.

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk