ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Проф. Петрески: Нема алтернатива за економијата без Преспанскиот договор

„Со Преспанскиот договор, на некој начин се отворија некои перспективи кои претходно, во поголем период беа затворени....Но, очекувањата беа стабилизирани, значи веќе граѓаните и фирмите коишто треба да го донесат економскиот раст, да го донесат подобриот животен стандард, веќе живеат во едни поинакви очекувања, дека членството во НАТО, а особено пристапниот процес кон Европската унија ќе донесе подобра живеачка, тука во земјата“, изјави проф. Петрески во интервју за ФРОНТЛАЈН.МК..

January 24, 2020 11:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ
Share on FacebookShare on Twitter

Ако Преспанскиот договор е битен за европската интеграција, тогаш тоа го сметам дека на некој начин допира до економскиот развој на земјата. Коректно рековте дека е хипотетичко прашањето за евентуално поништување или ревидирање на договорот. Меѓутоа, ако целиот тој процес врзан со Договорот од Преспа или со европската интеграција го нема или го немаше, тогаш ние ќе моравме да размислуваме за алтернативен начин на развој на економијата, односно, без да ја имаме таа екстерна сила, европската интеграција, којашто реков дека е исклучително важна. По мое убедување, во моментов нема друга алтернатива, вели професорот по економија, Марјан Петрески во интервју за ФРОНТЛАЈН.МК.

Во предизборието, одредени политичари најавуваат поништување на Преспанскиот договор доколку дојдат на власт. Хипотетички, кои се негативните реперкусии врз македонската економија доколку Договорот биде поништен или ревидиран?

Економистите често во претходниот период зборувавме за тоа кој е моделот на економски раст и ги повикувавме политичарите да испорачаме една економска визија за земјата, каде сакаме да бидеме за 10, 15, 20 години, која е патеката за да дојдеме до таму. Иако би рекол дека Владата во последниот период не понуди некаков целосен договор по тоа прашање, но сепак, со фактот дека треба да се стави европската интеграција во центарот на своите политики, тоа зборува дека европската интеграција е еден носител, клучен столб на економскиот модел кој што Владата сметала дека е важен и релевантен. Ако Преспанскиот договор е битен за европската интеграција, тогаш тоа го сметам дека на некој начин допира до економскиот развој на земјата. Коректно рековте дека е хипотетичко прашањето. Меѓутоа, ако целиот тој процес врзан со Договорот од Преспа или со европската интеграција го нема или го немаше, тогаш ние ќе моравме да размислуваме за алтернативен начин на развој на економијата, односно без да имаме таа екстерна сила, европската интеграција, којашто реков дека е исклучително важна и по мое убедување, во моментов нема алтернатива“, смета проф. Петрески.

Професоре Петрески, Преспанскиот договор со Грција е во сила веќе година и половина. Според најавите на политичарите, потписници на Договорот, Македонија треба од истиот да има и бенефиции на економско поле? Има ли видливи придобивки до сега?

За да може да дискутираме за евентуални економски ефекти треба прво да видиме со која цел беше потпишан Преспанскиот договор и последователната имплеметанција на истиот. Главната цел, гледано од моја перспектива и од перспективата на повеќето граѓани е дека беше потребен за да се одблокира процесот на евроатлантска интеграција, да станеме членка на НАТО и да можеме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ. Придобивкте од Преспанскиот договор може да се очекуваат и коментираат во овој момент само во долгорочна перспектива, односно што тој ќе донесе за економијата на долг рок, главно преку членството во НАТО, а особено преку процесот на пристапување и членство во ЕУ. Што мислам главно тука? Она што да кажеме е една особено слаба страна, моментално, економско, па и пошироко, општестевна, е секако владеењето на правото, слабоста на институциите, што понатаму се пренесува на други исходи во општеството. Сакате земете во сферата на образованието, здравството, загадувањето кое е актуелно. Така што тој процес на пристапување, особено во Европската унија, главно мислам на процесот на преговарање треба да влијае токму на зајакнувањето на владеење на правото и стабилизација на институционалниот поредок во Македонија и на таков начин, би рекол, Преспанскиот договор да испорача долгорочно позитивен бенефит за македонската економија“, вели проф. Петрески.

Во кои сегменти на економијата има напредок и дали може да се каже дека Договорот од Преспа има директно влијание или заслуга за евентуален напредок?

Сосотојбите во економијата во овој момент се стабилни. Би рекол релативно постабилни од претходниот период. Она што сега го гледаме не е спектакуларен раст за којшто често сакаме да зборуваме, и експертската и општата јавност, 5, 6%, такво нешто немаме и најверојатно во блиска иднина нема ни да има, меѓутоа, она што сега го гледаме е стабилизација на економската активност и зборуваме за некои стапки на раст коишто се движат помеѓу 3 и 4 отсто за 2019, 2020 и годините понатаму. Што значи дека ние со такви стапки на раст не можеме да очекуваме некое нагло зголемување на животниот стандард, меѓутоа, може да очекуваме дека економијата ќе се движи по една стабилна патека. Тешко би можело да се каже дали таквите придобивки се резултат на Преспанскиот договор, во поголема мера би рекол не, не може да извлече некоја таква врска, освен во делот на стабилизација на очекувањата на економските агенди. Со Преспанскиот договор на некој начин се отворија некои перспективи кои претходно, во поголем период беа затворени, ненавлегувајќи во цената што ова општество требаше да ја плати за тоа. Но очекувањата беа стабилизирани, значи веќе граѓаните и фирмите коишто треба да го донесат економскиот раст, да го донесат подобриот животен стандард, веќе живеат во едни поинакви очекувања, дека, членството во НАТО, а особено пристапниот процес кон Европската унија ќе донесе подобра живеачка, тука во земјата“, изјави Петрески.

Земјата и натаму се задолжува. Дали Преспанскиот договор би влијаел Македонија да се задолжува кај меѓународните кредитори по поповолни услови, со пониски каматни стапки?

Значи, вообичаено, кога генерирате буџетски дефицит, секако дека тој кусок на средства што таму го проектирате, секако дека ќе притиска врз долгот. Значи не може да се има буџетски дефицит, а притоа тоа да нема никаква импликација за долгот. Со ова сакам да кажам дека вообичаено е долгот да расте, иако во последниве две и пол, три години настана една релативан стабилизација на задолжувањето, коешто е и во одредена мера, за волја на вистината, водено и од фактот дека капиталните инвестиции имаа значајна подреализација, и тоа не притискаше врз дефицитот, оној првично проектираниот, воопшто не се надминуваше. Тоа е така затоа што не доаѓаше притисок од страната на расходите, особено во делот на капиталините инвестиции. Меѓутоа, мора да бидеме свесни како општество дека ако сме се договориле, да кажеме, дека во оваа фаза од развојот ние ќе имаме буџетски дефиците, јасно е  дека тоа ќе има влијание врз долгот. Значи прашањето повеќе не е во однос на тоа дали долгот треба да расте, туку за што ги искоритуваме ние тие средства. Би рекол дека таа дебата некако е многу стара, истата дебата ја водиме веќе повеќе години. Главно ја повикуваме Владата, таа дебата да ја стави во една рамка, во смисла на тоа да имаме јасен план за тоа за што ќе се задолжуваме и кој е ефектот од инвестираните средства. За тоа е потребно, би рекол едно среднорочно буџетско планирање, кое што, од она што го слушаме во најава со новиот закон за буџети, но уште не сум чул дека е во некаква процедура.  Вториот аспект кој вие го загатнавте, тоа е цената на задолжувањето. Цената на надворешното задолжување е главно водена од глобалните фактори, значи каква е состојбата во глобалната економија, каква е ликвидноста во глобалната економија, и секако во еден значаен дел и од домашните фактори. Домашните фактори ќе одредат кој е ризикот на земјата, односно како инвеститорите, лицата коишто ѝ позајмуваат на земјата, како тие го перцепираат ризикот тука. Сите фактори коишто придонесуваат тој ризик да се намалува, генерално ние економистите го нарекуваме тоа „ризик на земјата“ или „политички ризик“, сите фактори кои придонесуваат тој ризик да се намалува, секако дека ќе придонесат, преку тоа, каматната стапка да биде ниска. Во претходните неколку години, состојбата на глобалниот финанскиски пазар е мошне поволна и од таа перспектива, каматните стапки се ниски. Последните неколку задолжувања на Владата се по особено поволни каматни стапки, а самите процеси коишто се случуваат овдека во Македонија, последните година две, особено со политичките случувања и секако тука е и Преспанскиот договор, секако дека придонесуваат исто така позитивно, затоа што викаме дека, ако перспективите на земјата се евроатлантски, со помош на тој Договор, тоа секако ќе придонесе за инвеститорите поповолно да ја гледаат земјата.

Ивана Терзиевска – Зафировска

камера: Атанас Петровски

монтажа: Биљана Јордановска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот Вимблдон

(ВИДЕО) Рекордно 14. полуфинале за Ѓоковиќ на Вимблдон

July 9, 2025

Тошковски: Многу тежок ден во справување со пожарите, за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати

July 9, 2025

Пожари беснеат низ целата држава, власта тешко се справува со ситуацијата, Грција испраќа два канадера

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk