На помалку од десет минути откако почнаа, пратеникот Антонио Милошоски ја напушти средбата со министерката Рената Десковска и другите парламентарни партии и групи, известува ЦИВИЛ Медиа.
Тој на прес конференција изјави дека поставил два услова, закажување на јавна расправа за Законот за ЈО каде ќе учествуваат експерти по право и присуство на Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески на денешната средба. Милошовски додаде дека Предлог законот кој го претстави Дескоска е добра основа, но рече дека нивните забелешки ќе ги презентираат само во присуство на Јовесски. За првиот услов, тој рече дека Дескоска прифатила јавна расправа во Собранието.
https://www.facebook.com/drejt.mk/videos/1795064287284910/