Во Германија, цената на дизел возилата постојано опаѓа бидејќи во многу градови е ограничено нивното движење во центарот на градот. Дизел возилата со еуро стандард 5 не можат да се продадат, а слабо оди и продажбата на еуро стандард 6 половните возила, пренесува RTS.
Новите дизел возила со еуро стандард 6 се сè поевтини. Германците не сакаат да купуваат дизел возила.
Околу 6 милиони дизел возила во Германија го чекаат наредниот сопственик.
„Ова е половниот Passat Euro 6, кој досега го продававме за 29.000 евра. За истиот автомобил, сега нудиме 21.000 евра и никој не сака да го купи. Доколку ја спуштиме цената, ќе бидеме во загуба“, вели еден од продавачите на половни автомобили во Германија.
Заработката од продажбата на половни автомобили во Германија е сè помала, а многумина продавачи на половни автомобили банкротираат поради лошата ситуација.
„Според нашите проценки, на плацовите за автомобили има 350.000 дизел возила со еуро стандард 5. Тука „се заробени“ повеќе од 5 милијарди евра“, велат германските продавачи на поволни возила.
Не е тајна дека најчести купувачи на половните дизел возила се жителите на Србија, Хрватска, Бугарија и Македонија.