Во чест на Тоше Проески, а по повод 39-годишнината од неговото раѓање, Општина Аеродром ја разубави Детската улица во Ново Лисиче што го носи неговото име.
Имено, стотината жардиниери во должина на патеката се збогатени со нови зимзелени и грмушести садници.
На тој начин, велат од општината, граѓаните ќе уживаат во прекрасното место за прошетка, одмор и релаксацијa.