ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нуредини: Единствен опасен отпад е комуналниот, царинските контроли мора да бидат темелни

– Единствениот опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, и ништо друго. Ако постои сомнение за какви било активности од тој тип, ќе покренеме истрага со надлежните и ќе се осигураме тоа никогаш да не се случи, изјави Нуредини.

January 25, 2020 15:22
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина Насер Нуредини в понеделник ќе има средба со новиот директор на депонијата Дрисла. Нуредини во изјава за МИА вели дека единствениот опасен отпад во земјата е комуналниот отпад. Кај нас се увезува, потенцира тој,  отпад за рециклирање и за повторна употреба.

– Единствениот опасен отпад што го имаме во нашата земја е комуналниот отпад. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува каков било отпад за депонии или некакво складирање. Единствениот отпад што се увезува е за рециклирање и повторна употреба, и ништо друго. Ако постои сомнение за какви било активности од тој тип, ќе покренеме истрага со надлежните и ќе се осигураме тоа никогаш да не се случи, изјави Нуредини.

За тоа кој ја врши контролата на она што влегува во земјата како отпад и кој ја има најголемата одговорност, министерот за животната средина вели дека тие како институција креираат политики и дека царината мора да знае што се увезува во земјата.

-Ние, како институција креираме политики, ги пишуваме законите, но и се стремиме да ги применуваме. Не дозволуваме во нашата земја да се увезува отпад за депонии или складирање. Дозвола за увоз може да се добие единствено за рециклирање и повторна употреба на отпад. Доколку постои и најмало сомневање за кое е потребна понатамошна истрага, ќе соработуваме и со бугарските власти да дознаеме, и да се осигураме дека ова нема да се случи во нашата земја. Кој е одговорен? Цариниците мора да знаат што се увезува во земјата. Постојат правила и прописи дека контролата на граничните премини мора да биде темелна. Ќе ги поддржиме на секаков можен начин, ние сме институција, ќе направиме се што може да се направи, рече Нуредини.

Прашањето за опасниот отпад и воопшто за оптадот се актуализираше откако Обвинителството во Бургас отвори истрага за нерегулиран увоз на 25 контејнери со италијански отпад на пристаништето во бугарскиот град. Со случајот се поврзува трговското друштво „Блацион“ ООД,  со адреса и седиште во Софија, а удел во нејзиното сопствеништво, пак имаат Блаже Игњатовски и Горан Ангелов, кој до неодамна беше на чело на „Дрисла“.

Според Обвинителството во Бургас отпадот откриен во контејнерите не е радиоактивен или токсичен, но сепак утврдена е неусогласеност меѓу наведеното во документацијата на контејнерите и нивната содржина.

Отпадот е транспортиран со брод на 5 септември минатата година и му е определен режим на времено складирање во рок од 90 денови. Истрагата продолжува, се земаат примероци од сите контејнери, а ќе биде побарана и меѓународна потерница за истрагата, бидејќи контејнерите доаѓаат од Италија.

Next Post

Досегашни факти за ширењето на коронавирусот

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk