ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Не е само Телеграм. За жал

Мора да признаеме дека секој од нас има индивидуална одговорност, исто како што имаме и колективна. Ова општество одамна страда од обезвреднување и морална деградација. Не може да ни е нормално како родители, нашите деца на 12 години да се сликаат во полуголи изданија во чудни пози и тоа да го постираат на своите профили, а ние да го прифатиме тоа како ок, така прават сите. Реалниот живот не е шоу-бизнис. А и таму веќе, рекламерите ја исфрлаат сексуалноста на жената од своите рекламни пораки. Влијателни личности стануваат ликови со сомнителен морал. Пораката која се испраќа е погрешна.

January 27, 2020 10:04
in СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВИКИ РИСТОСКА

Искрено, не знам зошто се чудиме на она што се случувало во Телеграм. Не е само Телеграм. За жал. Се случува и на други мрежи. Се случува и на Инстаграм, па дури и на Фејсбук. Да не глумиме дека сме затекнати. Доцниме со реакции.

Мора да признаеме дека секој од нас има индивидуална одговорност, исто како што имаме и колективна. Ова општество одамна страда од обезвреднување и морална деградација.

Не може да ни е нормално како родители, нашите деца на 12 години да се сликаат во полуголи изданија во чудни пози и тоа да го постираат на своите профили, а ние да го прифатиме тоа како ок, така прават сите. Реалниот живот не е шоу-бизнис. А и таму веќе, рекламерите ја исфрлаат сексуалноста на жената од своите рекламни пораки.

Влијателни личности стануваат ликови со сомнителен морал. Пораката која се испраќа е погрешна.

Децата се тепаат во училишни дворови. И ништо. Дали е нормално децата да се тепаат? Некој ќе рече, е така откриваш дали некој ќе стане „мек“ кога ќе порасне. Навистина? Тоа ли е? Кои сте вие да одлучувате за судбината на една детска личност врз основа на една тепачка? Па зар сите треба да бидеме насилници? Која е пораката која ја испраќаме до нашите деца? Тепај, ако некој те тепа. Ако не, ти ќе бидеш никаков?
Господе боже, какво е ова општество во кое битката за докажување по кој било основ, треба да биде една тепачка?

Децата денес не ни се културни. Немаат почит кон никој и ништо. Не знаат кога да престанат. Кога ќе погрешат, не се виновни. Виновни се оние кои треба да бидат нивна водилка во животот.

Што направивме од нашите деца? Зошто станавме такви? Зарем навистина мислиме дека некој друг е виновен за нивните грешки, а не ние сами? Зарем навистина мислиме дека ќе ги пуштаме во училиште и тоа е. Таму треба да научат сè, па дури и како да се однесуваат? А ние сме на родителски распуст во меѓувреме.

Потфрливме како родители.

Такво е времето во кое живееме. Време во кое нема вистински вредности. Време во кое ќе се одминете, а нема да се поздравите со соседите. А во тој мал поздрав, кој не чини ништо, има многу пораки. Една од нив е, какви луѓе станавме.

Во ова општество имаме погрешни идоли. Луѓе без вредности. Затоа ни се склучува колективна дисторзија. Не може да постои вредносен систем без неказнивост. Немањето одговорност е првиот чин кон состојбите во кои се затекнавме.

Живееме во време во кое се прави сè и сешто. Секој може да каже сè што сака за некој и за тоа да не одговара. Каде води тоа другари? Кон хаос.

Ни треба колективно рестартирање. Ни требаат мерки. Одма.

Министерството за образование треба да реагира итно. Да забрани мобилни во училиште. Да не повикува на родителски форуми и дебати. Да не едуцира, кои се нашите обврски како едукатори на нашите деца. Затоа што, да, ги забораваме.

Она што е многу важно како порака во овој случај е итно да се реши, со сите детали во јавност. Виновниците да одговараат, но и да бидат објавени јавно, како морална порака кој треба да не засегне сите поединечно. И да сфатиме, кога е погрешно треба да реагираме сите и брзо. Пред да стане доцна.

На крај, слободата не значи дека сè е дозволено. Слободата е битка за вредности, почит, права и одговорности во секоја ситуација.

Светот не за џабе се восхитува на Медена земја. Ни фали нормалност, обични луѓе и обични приказни. Тие треба да бидат новите идоли преку кои ќе се пренесуваат животни вредности.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk