ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација во Стразбур поради недоволна родова застапеност

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации како на Шведска, Швајцарија меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите

January 27, 2020 15:43
in ФЕМИНА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации како на Шведска, Швајцарија меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите, јавува дописникот на МИА.

Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата.

Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја во однос на составот на македонското собрание.  Ова барање за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја овластувањата се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.

Тоа значи дека се до одлуката на ПССЕ, нашите парламентарци ќе можат да заседваат во ПССЕ, но не ќе можат да гласаат.

Инаку на почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател. Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи, белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.

Next Post

Деспотовски: Направивме пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

НАЈНОВО

Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

October 29, 2025

Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити? Буџетот за 2026 под лупа

October 29, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Поднесено обвинение за несреќа со загинат работник на сепарација на Вардар

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk