Претседателот Стево Пендаровски денеска упати честитка по повод празникот Свети Сава до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, пренесе МИА.
-Дозволете да ви го честитат Националниот ден на Србите во Република Македонија и да ви посакам празникот да го поминете во мир, радост, среќа и благосостојба, нагласува Пендаровски во четитката.
Тој нагласи дека со својата духовна и просветителс
-Вие, припадниците на српската заедница, со своите традиции и обичаи, историја и култура сте неотуѓив сегмент од севкупното културно и општествено живеење во нашата земја. Ја користам оваа честитка да ви се заблагодарам за сиот придонес во градењето на меѓусебно разбирање и соживот како влог во изградбата на модерна и просперитетна Република Северна Македонија. Да продолжиме максимално да работиме на развојот на нашата заедничка татковина и благосостојбата на сите нејзини граѓани, додава Пендаровски во својата честитка.