Рускиот претседател Владимир Путин не доби покана да учествува во одбележувањето на 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрациски логор Аушвиц-Биркенау, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Не, Владимир Путин не е поканет“, им рече Песков на новинарите без да изнесува детали.
Тој потсети дека Русија ќе ја претставува нивниот амбасадор во Полска, јави ТАСС.
Денешната комеморација ќе се одржи на територијата на поранешниот концентрациски логор, во кој нацистите убиле околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои и повеќе од еден милион Евреи, ослободени од руската Црвена армија на 27 јануари 1945 година.
На настанот ќе бидат присутни претставници од 54 земји од целиот свет, вклучувајќи неколку претседатели, премиери, претседатели на парламенти, министри, меѓународни организации, како и околу 200 преживеани.
Меморијалниот центар „Аушвиц“ соопшти дека не праќал покани, туку само ги информирал сите држави за настанот и ги повикал сами да изберат кој ќе ги претставува на комеморацијата.