На денешен ден се сеќаваме на жртвите од Холокауст, на загубените животи, растурени семејства и горчливи искуства, пишува на Фејсбук претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Да не заборавиме каде можат да нѐ одведат предрасудите и омразата и да го зачуваме ова сеќавање како лекција за генерациите кои доаѓаат. Да продолжиме да градиме отворено и обединето општество за сите“, пишува во објавата на Заев.