Министерството за транспорт и врски успешно работи на огромен број проекти во инфрастуктурата вклучувајќи: Активна работа на 32 проекти за изградба и реконструкција на водоводи и канализации и тоа во Велес, Македонски Брод, Струмица, Куманово, Скопје, Берово, Крива Паланака, Битола, Гостивар,Струга и низ други општини, пишува на Фејсбук министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
„Оваа година започнуваме со реализација на уште 37 проекти исто така за изградба и подобрување на комуналната мрежа насекаде низ државата.
– Во моментов работиме на изградба на 180 km гасовод и тоа од Скопје до Гостивар и од Неготино преку Прилеп до Битола. Започнуваме постапки за изградба и на гасоводот од Гостивар до Кичево и од Велес до Свети Николе.
– Континуирано работиме на изградба на железницата кон Бугарија најголемиот инфраструктурен проект во државата, а претходно ја завршивме пругата кон Грција.
– Досега обезбедивме кров над глава на 160 ранливи семејства, во моментов градиме 110 станови во Неготино и Пробиштип, а годинава очекуваме да започнеме со изградба и на уште неколку згради во Бутел, Виница, Велес, Свети Николе, Гевгелија Пехчево, Дебар, Сарај, Шуто Оризари и Демир Капија.
– Континуирано обезбедуваме нови авио-линии со што постојано го рушиме рекордот на бројот на превезени патници од двата аеродроми.“ истакнува Сугарески.