Здружението за адаптивни спортови и рекреација „Рекреација“ одржа тридневен зимски камп за лица со интелектуална и физичка попреченост во Маврово, каде лицата со параплегија, квадриплегија и церебрална парализа вежбаа техники за скијање, а лица со останати попречености скијање во стоечка положба.
Според здружението „Рекреација“, скијањето со помош на адаптивна опрема, што сега е достапна и кај нас, е практика во развиените земји, и истата дозволува лицата со попреченост да уживаат во снежните спортови, но и да се подготвуваат за спортски резултати.
Обуката се организира во рамки на проектот „Спорт за сите“, што се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан „ReLOaD“, финансирана од страна на Европската унијa, а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите нации.
Во проектот како ко-финансиер со свои средства учествува и Општина Ресен.