коментира: МАЈА ИВАНОВСКА
Целата експертска и помалку експертска заедница, пратеници, осомничени, обвинети и по некој амнестиран, се собраа на едно место да делат правда… Добро, не да делат, ама, ете нели, да одлучат конечно да ја оправат правдата во земјата.
Свечена средба во собраниската сала „Борис Трајковски“, или „која мајка загубила сина“… Меѓу загубените, го видовме и Антонијо Милошоски, кој ни спелчекот на Вордот не го препознава, уште еднаш покажа колку сериозно го сфаќа овој закон и оваа расправа, која, патем, е иницирана токму од неговата партија. Очаен обид за некаква очајна „герила акција“ со сомнителна цел, наместо конечно да седне и да ги чуе мислењата на експертите за Законот чие носење го кочат веќе одамна…
Единствените предлози за корекции на Законот предложени од екс-кандидатката за претседателка на земјата Гордана Силјановска Давкова се однесуваа на сѐ, освен на правото. Па така, имавме коментари за уставното име во Законот, па имплементацијата за Законот за употреба на јазиците, ама за правдата, независноста и реформите не слушнавме баш многу. Аман Гоцо, ич не ни помагај!
Добро е што барем професорот Камбовски ги потсети каде се наоѓаат и зошто се дојдени и дека не е ова бувљак, а правдата и не е толку слепа, а уште помалку кругот е тркалезен…
Извор: ЦИВИЛ Медиа