ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(Видео) Реална статистика: Колку може да помине електричен автомобил со едно полнење?

Британски Carwow сакаше да провери колку се разликува фабрички декларираниот досег на одредени модели на електрични автомобили во споредба со оној во реални услови.

January 28, 2020 10:49
in TECH FRONT
Share on FacebookShare on Twitter

Во време кога електричните возила земаат сѐ поголем замав на пазарот, а многу земји се соочуваат за загадување на воздухот, се поставува прашањето кои се вистинските бенефити од возењето „на струја“?

Токму затоа, беа тестирани шест популарни електрични модели во идентични услови на автопат, за да се провери колку километри може да поминат со едно полнење на батеријата и колку овој реален податок се поклопува со она што стои во фабричката декларација, пренесува Кајгана.мк.

Ограничениот досег на електричните возила е еден од главните аргументи против нивното користење, а дополнителен проблем е што теоретската автономија не може да се гарантира во пракса после одредено користење на батеријата.

Забуни во врска со автономијата на електричните возила најчесто се јавуваат поради разликите во стандардот по кој е мерена – WLTP во Европа или EPA на „другата страна од океанот“. На автономијата на електричното возило во реални услови може да влијаат бројни фактори, како услови во сообраќајот, конфигурација на теренот, стилот на возење, температурата на атмосферскиот воздух, разните потрошувачи на струја во возилото и така натаму.

Британски Carwow сакаше да провери колку се разликува фабрички декларираниот досег на одредени модели на електрични автомобили во споредба со оној во реални услови.

За тест-патека беше избран автопат во Велика Британија, а беа тестирани следните модели на електрични возила: Nissan Leaf, Kia e-Niro, Audi e-tron, Jaguar I-Pace, Mercedes EQC и Tesla Model 3 во Long Range верзија.

Сите шест модели беа возени со активиран темпомат, при брзина од 70 милји на час (112 км/ч) што е дозволената брзина на британските автопатишта, а клима-уредот во сите возила беше нагоден на иста температура, за да бидат условите идентични за сите модели.

Тестот покажа дека најлош сооднос на реалната со фабрички декларираната километража со едно полнење на батеријата има Mercedes EQC кој успеа да помине 312 километри или 75% од наведената автономија.

На петтата позиција по процентуална ефикасност се најде Jaguar I-Pace со 359 километри, што изнесува 76% од фабричката километража. Четвртото место го зазеде Tesla Model 3, кој помина 434 километри или 78% од автономијата што ја наведува производителот.

Трет по ефикасност е Audi e-tron со 331 километар, односно 81% од наведената километража. Вицешампион во тестирањето е Nissan Leaf со 334 километри и 87%, додека на прво место е Kia e-Niro кој успеа да помине 410 километри, што е 90% од декларираната автономија.

Next Post

Рустеми: Јанева не сакаше обвинетите од „Поштенска банка“ да одат во затвор

НАЈНОВО

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

Во месецот на машкото здравје се прават бесплатни прегледи на пациентите на штипска Урологија

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk