Вработените во трговскиот центар Скопје Сити Мол уште не се вратени на своите работни места а на посетителите им е забрането да влегуваат.
Половина час по евакуацијата, менаџментот побара по еден вработен од секој локал да влезе внатре.
На терен се антитерористичката едница и интерветната полиција. Булеварите „Партизански одреди“, „Иленден“, и улиците „Љубљанска“ и „МАНАПО“ се проодни за возила.
Полиција е присутна, а исто така има возила за Итна помош. Попладнево мол-от беше евакуиран поради дојава за бомба.
И.Т.З.