Странците од видеото што вчера ја запали македонската јавност кои беа брутално вербално нападнати и снимани од скопјанец, кој со погрдни инсинуации и ксенофобични испади ги бркаше од земјава нарекувајќи ги корона, всушност биле претставници на невладина организација при Обединетите Нации на посета во Македонија, пренесува Слободен печат.
Како што дознава „Слободен печат“, тие вчера биле во Свети Николе, како дел од невладината организација при ОН Heavenly Culture World Peace Restoration of Light. Да биде иронијата поголема, тие држеле работилница со деца од основно училиште во Св. Николе на тема мир, толеранција и меѓусебно почитување, во паралелки од прво и второ одделение.
Директорката на светиниколското основно училиште Кирил и Методиј, Саша Мицевска, за „Слободен печат“ вели дека посетителите биле прекрасни предавачи, многу организирани, со флаери, постери и наставни листови, а на дечињата им поделиле и подароци.
Невоспитан тип пцуе и брка туристи, нарекувајќи ги коронавирус