Извесен дечко, ако може воопшто да се нарече така, оди од турист до турист во центарот на Скопје и ѝм вели „коронавирус“ алудирајќи дека се носители на истиот вирус кој веќе зема жртви во некоку земји во светот, а најраспространет е во Вухан, Кина.
Крајно невоспитаниот тип снимил видео запис на кој може да се види дека некултурно и вулгарно ги навредува мирните и примерни туристи. Тој ги пцуе ги брка во Кина.
Нападот на сторителот е расистички и бескрупулозен, и сторителот треба да се санкционира „под итно“. Станува збор за извесен корисник на Инстаграм налог со име enko_97777!
Целиот нормален свет ги повикува надлежните да преземат мерки против ваквите непристојни и крајно нељубезни и негостопримливи „домаќини“ од земјава.
Тоа е таа непосредна срдечност, космополитизам..Р.Ѕ. Се надевам дека имбецилот ќе биде санкциониран за овие гнасотилаци!
Gepostet von Goce Markoski am Mittwoch, 29. Januar 2020