ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров во Берлин на работен ручек со Мас и Ле Дријан

Димитров вчера во рамките на првиот ден од работната посета на Берлин, на средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, побара да се зграби првата следна шанса за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука за почнување на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

January 31, 2020 08:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Шефот на дипломатијата Никола Димитров во рамките на дводневната работна посета на Берлин денеска ќе учествува на Втората средба од висок ранг на германско-француската иницијатива за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во земјите од Западен Балкан со која ќе претседаваат министрите за надворешни работи на Германија и на Франција, Хајко Мас и Жан-Ив Ле Дријан.

Како што е најавено од МНР, на маргините на конференцијата се предвидени и средби на Димитров со негови колеги и други високи учесници на настанот, како комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји, а тој ќе присуствува и на работен ручек, организиран од германскиот министер за надворешни работи Мас.

Димитров вчера во рамките на првиот ден од работната посета на Берлин, на средба со државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, Михаел Рот, побара да се зграби првата следна шанса за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука за почнување на пристапните преговори на нашата земја со ЕУ.

– Во неколку наврати изминатава година и половина бевме исклучително блиску до постигнување успех и валоризација на заедничките напори за отворање ЕУ-преговори со Северна Македонија. Доколку сакаме да се даде натамошно охрабрување на реформските процеси и да не дојде до поткопување на значајните достигнувања што земјата ги постигна, како и да се зачуваат кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот, неопходно е да се зграби првата следна шанса за донесување на долгоочекуваната и заслужена одлука, нагласил министерот Димитров.

На средбата, соопштија од МНР, бил направен рекапитулар на актуелните состојби во Северна Македонија, регионот на Западен Балкан, како и на ниво на ЕУ во однос на дискусиите со новата методологија за пристапни преговори и изградбата на консензус меѓу земјите членки за одлука за почеток на преговорите.

Министерот Рот посочил дека ја споделуваат разочараноста поради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред.

– Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ-реформите дома, рекол Рот.

Шефот на дипломатијата Димитров остварил средба и со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел, на која била истакната недвосмислената поддршка на кабинетот на канцеларката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија.

Посетата се случува во период на засилен ангажман во пресрет на дискусиите на ниво на ЕУ за ажурираната методологија на Европската комисија за водење на пристапните преговори, како и одлуката за Северна Македонија за отворање на преговорите, наведува МНР

Next Post

Трет дијалог во рамките на „Жан Моне“: Измените на Деловникот остануваат за наредниот парламентарен состав

НАЈНОВО

Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да ѝ обезбедиме на Украина

September 3, 2025
Генерирано со ВИ

Мерц: Путин е можеби најголемиот воен злосторник на нашето време

September 3, 2025

„Лидл“ започнува со изградба на втор објект во Скопје

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Над 150.000 скопјани секојдневно се гушат во чад од Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk