ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мазните дланки на Трипуновски заштитени со крема, никогаш не испукале заради копање со мотика

Измазнетото со бројни козметички препарати и третмани лице на заменик министерот за земјоделие никогаш не било изложено на мачно жешкото сонце или на безмилосно силните ветришта или на поројни дождови или на суров студ или на какви било временски неприлики заради кои сезонската работа во земјоделието не смее да се помести. Оти нивата не прашува какво е времето кога треба да биде изорана

January 31, 2020 10:20
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: КРИСТИНА КОСТОВА

Измазнетото со бројни козметички препарати и третмани лице на заменик министерот за земјоделие никогаш не било изложено на мачно жешкото сонце или на безмилосно силните ветришта или на поројни дождови или на суров студ или на какви било временски неприлики заради кои сезонската работа во земјоделието не смее да се помести.
Оти нивата не прашува какво е времето кога треба да биде изорана.

Мазните дланки на заменик министерот, секогаш заштитени со крема или ракавици, никогаш не испукале заради непрекинатото копање со мотика, или работа со лопата, гребло, копач… Којзнае дали воопшто знае дека постојат овие алатки.

Единствените алатки за кои тој знае и не се колеба да ги користи се алатките на класизмот.
Алатки како демонстрирање на неговото чувство на супериорност, но и презир кон помалку привилегираните, па дури и анимозитет и префрлање вина на работничката класа и сиромашните.
Алатки како исмевање на емоцијата, говорот, манирите на општествените чинители кои не ги уживале неговите привилегии и пристап до средства, конекции, образование, општествени кругови.
Алатки како речениците „Смири се,“ „Не се нервирај,“ „Биди културен.“

Ете, тие неколку реченици се одлични алатки во рацете на препривилегираните за деградирање не само на работничката класа, на земјоделците, туку и на сите маргинализирани заедници, особено кога непривилегираните се очигледно во право и ги разобличуваат лагите, манипулациите и угнетувањата од страна на оние што системот константно ги протежира.

Ваквото однесување запрепастува, но и повеќе од доволно кажува за [не]квалитетот на личноста.

*Текстот од Кристина Костова е реакција на овој настан

 

Next Post

Османи: Западен Балкан има високи очекувања од Европската Унија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Марш за ангелите во Кочани: Родителите до институцииите – „Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми“

November 8, 2025

Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

November 8, 2025
Футуристички колаж со човечки профил во силуета, неуронска мрежа што се спојува со галактичка светлина во златно-сини тонови – симбол на свесниот универзум.

Космосот што размислува: Науката зад идејата за свесен универзум

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алиу: Примената на вештачката интелигенција во медицината помага за подобрување на дијагностиката, во пилот – фаза е и проектот за теле-медицина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk