ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Напуштете го молот веднаш, има бомба“ – напишал вработениот во Скопје сити мол, се бараат мерки за претпазливост

Јавниот обвинител, заради непречено водење на постапката, побарал на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

January 31, 2020 11:24
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, осомничено дека сторило кривично дело лажно пријавување односно за лажната дојава за бомба во трговскиот центар „Сити мол“.

Против осомничениот, соопштија денеска од Јавно обвинителство на Република Северна Македонија, е поведена постапка поради основано сомнение дека на 29 јануари во „Сити мол“ каде бил вработен, пријавил дека е извршено кривично дело „предизвикување општа опасност“ за кое гонењето се презема по службена должност, иако знаел дека такво дело не е сторено.

Јавниот обвинител, заради непречено водење на постапката, побарал на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.

– Осомничениот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот. Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа, појаснуваат од државното ЈО.

Next Post

Отфрлена кривична пријава за злоупотреби со продажба на државно земјиште во Центар

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk