„Сите експерти во однос на спорните прашања беа на линија со ставовите на СДСМ, туку дали ВМРО ДПМНЕ има став за законот за ЈО. Цела година им прифаќавме предлози, и таман ќе прифатиме серијал, тие на следниот состанок предлагаа нови и така во недоглед, но со една цел, да си ги спасат криминалците.
Вашиот вистински претседател Никола Груевски е избеган во Будимпешта, вие за него се борите“, му реплицира Бојан Маричиќ на адвокатот на Мицкоски во емисијата 24 Анализа.
Не е аболициран Груевски, избеган е вашиот лидер, во екот на дебатата му појаснува Маричиќ на адвокатот на Мицкоски, осуден и избеган ви е лидерот. За него се борите вие вечерва.
„Ние велиме Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Анонио Милошоски, Илија Димоски да одговараат. А, вие велите: Илија Димовски и Антонио Милошоски да седат и да преговараат, за да се укинат случаите и да си ја спасите врхушката вклучувајќи го и вашиот лидер од Будимпешта. Тоа е целата суштина на оваа борба!“ акцентира Бојан Маричиќ.
Ј. Ѓ.