ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прв пат двајца припадници на нашата Армија на тренинг мисија на ЕУ во Централно Африканската Република

– Се работи за ЕУ тренинг мисија, прва мисија во која би учествувале на тлото на Африка и токму поради тоа одиме пополека. Оваа одлука подразбира двајца наши офицери да заминат почнувајќи од јули, е начелниот план. Меѓутоа еден од нив во следните два месеци ќе замине и на некаков тип на истражувачка-испитувачка мисија каде малку повеќе ќе се запознае и со состојбите и спецификите на тлото бидејќи сметаме дека кога ќе имаш нова мисија, на нов континент, во нови околности, тоа не треба да се прави избрзано, рече Шекеринска.

January 31, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Двајца припадници на Армијата на Република Северна Македонија, штабни офицери ќе заминат во тренинг мировна мисија на ЕУ „EUTMRCA“ во Централно Африканската Република. Зелено светло за оваа мисија даде собраниската Комисија за  одбрана и безбедност на денешната седница.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која ја образложи потребата за испраќање на еден припадник на Армијата во мировната операција на ЕУ „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговаин, двајца во мисијата на ОН „УНИФИЛ“ во Либан и за испраќање на наши припадници во мисијата предводена од НАТО „Одлучна поддршка“ во Исламската Република Авганистан, што беше одобрено од страна на Комисијата, нагласи дека е добро како држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, но и побрзо да ги заврши, да покажеме поголемо учество во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

– Се работи за ЕУ тренинг мисија, прва мисија во која би учествувале на тлото на Африка и токму поради тоа одиме пополека. Оваа одлука подразбира двајца наши офицери да заминат почнувајќи од јули, е начелниот план. Меѓутоа еден од нив во следните два месеци ќе замине и на некаков тип на истражувачка-испитувачка мисија каде малку повеќе ќе се запознае и со состојбите и спецификите на тлото бидејќи сметаме дека кога ќе имаш нова мисија, на нов континент, во нови околности, тоа не треба да се прави избрзано, рече Шекеринска.

Предноста за учество во оваа мисија, истакна министерката Шекеринска, е тоа што таа беше мисија раководена или на некој начин координирана од Франција, а досега, подвлече, сме немале прилика директно да учествуваме во мисија под француски контингент. Сметаме, посочи таа, дека тоа е важно имајќи ги предвид нашите одбранбени, но и нашите надворешно-политички приоритети.

Во Централно Африканската Република моментно постојат две мисии, едната е на ОН, а другата е под покровителство на ЕУ.

На седницата Комисијата за одбрана и безбедност констатира дека Предлог-законот за Агенција за разузнавање е прифатлив и треба да се даде на понатамошно читање. 

Next Post

Фотоволтаичните централи се иднина на чистата енергија, сметаат во Еко Герила

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk