Проектот „Европа е нашиот дом“, е составен од низа комплементарни компоненти, а ЦИВИЛ ќе спроведува мониторинг, застапување и јакнење на јавната свест во повеќе области.
Претседателот на ЦИВИЛ Џабир Дерала, кој е носител на овој проект, по тој повод на својот Фејсбук профил ќе напише:
Самиот наслов на проектот „Европа е наш дом“ кажува сѐ. Убеден сум дека ЦИВИЛ ќе го спроведе успешно, благодарение на огромната доверба што ја ужива организацијата во јавноста.
Европските вредности подразбираат владеење на правото, демократија и почитување на човековите права и слободи.
Заедно со граѓанките и граѓаните, ќе создадеме услови европските вредности да станат македонска реалност.
Една од главните определби на проектот е да се придонесе кон процесот на интеграција на Република Северна Македонија во Европска Унија.