Париз би можел да се откаже од блокадата за пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, рече денекса советникот на францускиот претседател за европски работи, Клемент Боне.
Тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг, вели дека откако Велика Британија ја напушти Европската Унија, Франција сака повеќе да се фокусира на истокот.
„По Брегзит повеќе од кога и да е важно е да ги надминеме разликите во ЕУ и да се фокусираме на она што не поврзува“, вели Боне во интервјуто, пренесе EWB.
Тој додаде дека тоа ќе се случи штом ЕУ се сложи околу прашањата за проширувањето.
„Ќе одбиеме Албанија и Северна Македонија да ги третираме одвоено. Тоа би било спротивно на нашата желба да поттикнеме стабилност во регионот“, рече Боне.