Гугл мапс добива сериозна конкуренција од Епл мапс, кој неодамна го претстави редизајнираниот навигационен систем.
Накратко, новите податоци за мапирање на компанијата „Епл“ се подетални, имаат поточни податоци за пешаците и попрецизни адреси.
Засега, новата верзија на Епл мапс е достапна замо за САД, а во Европа треба да стигне за неколку месеци, јави „Дејли експрес“.
Епл мапс ќе добие и нови функции кои беа претставени во септември, во iOS 13 оперативниот систем.
Најистакнато е она што сега го викаат „Разгледување’, кое се активира ако ја изберете иконата со двоглед. Во суштина, тоа е нивната верзија на „стрит вју“ на Гугл мапс.
Ќе видиме дали Епл мапс ќе успее да ја престигне конкуренцијата кога ќе стигне во Европа.