ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Обвинителен акт против македонски државјанин и тројца Пакистанци за криумчарење мигранти

Во соопштението се објаснува дека кога мигрантите ќе посакале да си заминат, обвинетите Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив удирајќи ги со црево по телото, а потоа им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе бидат убиени доколку не платат пари.

February 3, 2020 16:03
in КРИМИНАЛ

Еден македонски државјанин и тројца државјани на Пакистан, се обвините дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчирање на мигранти”. Во соопштението од Јавното обвинителство, се вели дека од средината на октомври 2019 година до 01.11.2019 година, во с.Ваксинце, Кумановско-липковски регион, обвинетите, заедно и по предходен договор во куќа сопственост на првообвинетиот, прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија.

– Со намера да стекнат материјална корист, обвинетите Пакистанци постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите. Тие спротивно на волјата на жртвите, повеќе денови присилно ги држеле во дел од куќата каде на прозорците залепиле црни кеси, поради што мигрантите го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ. Жртвите добивале еден оброк дневно што не им било доволно и биле физички малтретирани, информираат од Јавното обвинителство.

Во соопштението се објаснува дека кога мигрантите ќе посакале да си заминат, обвинетите Пакистанци со намера да извлечат дополнително пари од мигрантите, постапувале понижувачки и сурово кон нив удирајќи ги со црево по телото, а потоа им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе бидат убиени доколку не платат пари.

– Ваквите настани еден од обвинетите ги снимал со телефон, а видеото, откако жртвите телефонски ќе стапеле во контакт со свои роднини кои веќе биле заминати во западноевропските земји, го испраќал на роднините со појаснување дека доколку не им испратат пари, ќе бидат убиени или нема да им се дозволи да ја напуштат куќата. Роднините на мигрантите, присилени на ваков начин, по пат на„ хавала систем“- древен систем на меѓусебно плаќање врз основа на доверба надвор од банкарскиот систем, префрлале пари на жртвите, а тие им ги давале на рака на обвинетите. Ако договорените парични износи не биле испратени во зададениот рок, обвинетите повторно ги тепале мигрантите, а малолетните ги присилувале и да чистат. Оштетените, веднаш по пристигнувањето во куќата, присилени на ваков начин, плаќале колку што имале во моментот, а дополнително барале пари од роднините, но и покрај тоа некои од нив иако платиле, биле задржани и понатаму со цел повторно да платат, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Случајот бил пријавен во српска полиција од страна на пријател на две жртви и по добиената информација од страна на органите на Р.Србија, вечерта на 01.11.2019 година околу 22:00 часот е спроведена полициска акција. При претрес на куќата на првоосомничениот пронајдени се дванаесет мигранти меѓу кои и две малолетни лица.

Ценејќи дека се исполнети законските услови, надлежниот јавен обвинител со обвинителниот акт достави и посебен предлог за продолжување на мерката притвор за тројцата Пакистанци и мерка куќен притвор за првообвинетиот.

Next Post

Англискиот останува официјален јазик на ЕУ институциите и покрај Брегзит

НАЈНОВО

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025
Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

August 28, 2025
Фото: Скриншот,

Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk