Без Договорот со Бугарија, а особено без договорот од Преспа, можевме само да сонуваме за ЕУ и за НАТО, да сонуваме за ваков економски раст, изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев во вечерашното интервју за Телевизија Клан.
Според Заев, договорите со Грција и со Бугарија се клучни за напредокот на државата, за промовирање како лидери во регионот, но и како светска пракса дека и големите конфликти може да се решат мирно, со дискусија и компромис.





