ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Демант од МЗШВ: Нема увоз на сортите тутун „Прилеп“ и „Јака“

-Лага и невистина е денешната изјава на Трипуновски дека „…во периодот од 8 јануари до денеска е увезено еден милион килограми тутун….се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот“. Официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) покажуваат дека не постои увоз на тутун кој се откупува од нашите откупни претпријатија и нема увоз на сортите на тутун „Прилеп“ и „Јака“. Со овие лажни информации, Трипуновски свесно нанесува штета не само на тутунопроизводството, туку и на компаниите кои вршат откуп на тутун, кои лажно ги оцрнува и го доведува во прашање егзистирањето и на компаниите и на вработените во тие компании, велат од МЗШВ.

February 4, 2020 16:23
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) остро ја демантира денешната изјава на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, за наводниот увоз на тутун и порачува дека нема увоз на сортите тутун „Прилеп“ и „Јака“.

-Лага и невистина е денешната изјава на Трипуновски дека „…во периодот од 8 јануари до денеска е увезено еден милион килограми тутун….се увезува е од ист тип на тутун кој што се произведува во Македонија, а се плаќа поскапо од домашниот“. Официјалните податоци од Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) покажуваат дека не постои увоз на тутун кој се откупува од нашите откупни претпријатија и нема увоз на сортите на тутун „Прилеп“ и „Јака“. Со овие лажни информации, Трипуновски свесно нанесува штета не само на тутунопроизводството, туку и на компаниите кои вршат откуп на тутун, кои лажно ги оцрнува и го доведува во прашање егзистирањето и на компаниите и на вработените во тие компании, велат од МЗШВ.

Од 2019 година, па до вчера, прецизираат, според податоци од „EXIM“ системот на ДИЗ, од страна на мултинационалната компанија „Алијанс Уан Македонија“ со седиште во Кавадарци, од Бугарија е увезен суров необработен тутун од тип „Катерини“ во износ 469.033 килограми и суров необработен тутун од тип „Крумвоград“ во износ од 501.506 килограми.

-Овие количина тутун, се преработени во капацитетите на оваа компанија во Кавадарци и се извезени на интернационални светски компании кои што произведуваат цигари. Со ова се ангажирани капацитетите на оваа компанија кај нас и со додадена вредност се извезени. Значи, не станува збор за никаков увоз, туку за увоз за доработка и повторен извоз, со што е остварена разлика на девизен прилив во Република Северна Македонија, истакнуваат од МЗШВ.

Податоците од оваа државна институција, додаваат, се релевантни и официјални, а податоците на Трипунповски се лажни и паушални.

-Трипуновски како порашенешен директор на Државниот инспекторат за земјоделство, треба да знае дека законски на откупните претпријатија им е дозволен узвоз на необработен тутун за доработка, заради одржување на производствените капацитети и за одржливо производството на тутунските производи. Откупните претпријатија што вршат откуп на тутун во Република Северна Македонија, се светски познати и реномирани фирми кои вршат извоз и кои имаат законско право да увезат необработен тутун за да ги исполнат капацитетите за доработка. Овој тутун од увоз во ниту еден случај не може да го наруши откупот на домашниот тутун, бидјеќи откупните претпријатија законски се обврзани да ги откупат договорените количини со кооперантите и ги исполнуваат договорите, истакнуваат од МЗШВ.

Со денешната изјава и лажни обвинувања, посочуваат, Трипуновски не само што шири дезинформации, туку уште еднаш ги покажа своите елементарни непознавања за земјоделството, особено за стратешките земјоделски гранки, и повторно на грбот на земјоделците се обидува да придобива политички поени.

-МЗШВ е во постојана комуникација со откупните претпријатија и со тутунопроизводителите, а на терен веќе има засилени контроли од страна на ДИЗ. Досега 93,4 отсто од произведениот тутун е откупен, за десеттина дена се очекува да се откупат и преостанатите околу седум отсто тутун, кои во целост ќе бидат откупени. МЗШВ апелира до тутунарите да не потпаѓаат под манипулации бидејќи секој килограм произведен тутун од реколтата 2019-та ќе биде во целост откупен, порачуваат од МЗШВ. 

Next Post

Повеќе хрватски градови погодени од силно невреме

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk