ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Од скандал во скандал… Рашела Мизрахи незаконски го вработи шоферот на Диме „побегуља“ Спасов

Да се потсетиме... Прво, Диме Спасов рече дека тој управувал со Туарегот за време на инцидентот, потоа, по неколку часа, Марио - неговиот шофер, сам се пријавил дека не Димче, туку тој управувал со возилото во моментот кога се случил инцидентот, а запрашан од полициските службеници да го опише настанот, Марио немал појма како и што се случило, па пак ја сменил изјавата. Извесната Тамара, „ни крива, ни должна“ три пати ја менуваше изјавата, а министеричот Диме Спасов јавноста не можеше да го најде „ни под дрво, ни под камен“.

February 4, 2020 15:40
in СКАНДАЛИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Техничката Министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи „свесно“ влегува во скандал. Таа, пречекорувајќи ги своите надлежности и без согласност на заменската министерка Санела Шкријељ, како што може да се види од доказите со кои располага Фронтлајн (во прилог, под текстот), Мизрахи го вработила лицето Марио Тавиќ, како шофер во Министерството за труд и социјала.

Тоа и немаше да биде којзнае колку интересна вест, нели, освен што министерката Мизрахи ги пречекорува своите овластувања секојдневно, ако Марио Тавиќ и претходно не ѝ беше познат на јавноста.

Лицето Марио Тавиќ на македонската јавност ѝ е познат како шоферот што неколку пати ја смени својата изјава по скандалозната сообраќајка во кој учествуваше поранешниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, од режимот на Груевски.

Да се потсетиме… Прво, Диме Спасов рече дека тој управувал со Туарегот за време на инцидентот, потоа, по неколку часа, Марио – неговиот шофер, сам се пријавил дека не Димче, туку тој управувал со возилото во моментот кога се случил инцидентот, а запрашан од полициските службеници да го опише настанот, Марио немал појма како и што се случило, па пак ја сменил изјавата. Извесната Тамара, „ни крива, ни должна“ три пати ја менуваше изјавата, а министеричот Диме Спасов јавноста не можеше да го најде „ни под дрво, ни под камен“ сè додека не се појави снимката, на која се гледа дека тој Димче е фатен жив како се сами со Тамара за време на инцидентот.

Сигурно се сеќавате на тој циркус со кој се подбиваше јавноста и социјалните мрежи го именуваа Диме „побегуља“ Спасов. За уште да е поголема драматиката и тоа да добие уште поподбивлив шмек, капак беше кога Димче тврдеше дека го бркале „албански терористи од Серава“, и какви ли уште не смешки се изнаслушавме.

Свежи се сеќавањата и на купиштата мемиња на социјалните мрежи со сатирични содржини за „терористите од Серава“ за потоа таа фраза да се удоми и да се користи кога се сака да се исмее некоја банална лага.

И ете ти ја сега, техничката министерката Мизрахи, како повторно ни ги враќа сеќавањата на траги-комичната драмолетка и го враќа Марио повторно на исто работно место во истото министерство и тоа незаконски, да не речам – со сила.

Добро, не можеше ли да му се најде друго работно место на Марио кога веќе нели тој се „фрлал во оган“ за својот шеф, па мораше повторно да го влечкате неговото име по медиуми, а нели неговиот грев е „само“ тоа што сакал да му помогне на својот шеф да се спаси од скандалозната ситуација во која сладострасниот зет на Лазар Колишевски се насадил?

А можеби техничката министерка Мизрахи и не се сеќава на овој скандал, туку е и самата жртвувана за некоја поголема слика. Кој ќе ти ги знае тие вмровски работи?

Ајде, останува да го следиме текот на настаните, можеби ќе паднат уште шеги.

FRONTLINE

 

Next Post

Поддршка од Полска за ЕУ и НАТО

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk