ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев сè уште оптимист за законот за ЈО, не гледа никаква причина за одложување на изборите

Далеку од сериозен е, рече, предлогот на Мицкоски според кој, законот веројатно би се донел до ноември годинава, а ваквата несериозност граѓаните ја препознаваат.

February 4, 2020 16:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 На секој во државата му е веќе јасно дека Мицкоски и опозицијата не сакаат законско решение за јавни обвинителство. Уште еднаш ги повикувам да ме демантираат ако не е така, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред средбата со компаниите-членки на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО).

Одговорајќи на новинарско прашање во врска со последниот предлог на Мицкоски, Заев нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ можеше да понуди закон преку експерти пред две години, шест или три месеци.

Далеку од сериозен е, рече, предлогот на Мицкоски според кој, законот веројатно би се донел до ноември годинава, а ваквата несериозност граѓаните ја препознаваат.

Заев напомена дека земјава е во фаза на неколку денови пред распуштање на Парламентот и денеска на владина седница, требаше да се усвои законско решение за да има доволно време да поминат процедурите и во Собранието. Тој потврди дека мнозинство за гласање се уште нема, но се прават напори за негово обезбедување.

Во однос на законското решение, сериозни сугестии дале дел од опозициските албански партии и повеќето од нив се прифатливи. Прифатливи се и некои од мислењата на независната пратеничка група, но дел се, како што рече Заев, тешко прифатливи. За законот ќе биде консултирана и европската делегација во Скопје.

Претседателот на СДСМ не гледа никаква причина за одложување на изборите кои се закажани за 12 април, но можно е, рече, евентуално пролонгирање на распуштањето на Собранието. Сепак тој нема да дозволи, како што нагласи, пратениците од СДСМ да го стиснат копчето за распуштање на Парламентот пред да бидат донесени клучните закони, меѓу кои и оној за јавното обвинителство.

-Предлози за законот за јавно обвинителство доставија сите кои учествуваат во работните групи. Амандамните кои се разгледуваат, и оние од незавинсите пратенички групи, верувам ќе бидат обелоденети. Направија состојба да ја стават Владата во сериозно размислување за да види што е она што може да го прифати, а да не се поминат црвените линии на ЕУ заради европската регулатива која сакаме да ја преточиме во законот, истакна Заев.

Би било неразумно, дополни, законот да не се донесе сега, пред избори, со што земјава би пратила сериозен сигнал до ЕУ дека прави се за да ги спроведе реформите.

Заев откри и дека денеска сугерирал законот за јавно обвинителство да се помести како точка од дневниот ред на денешната владина седница за четврток само за да се дочекаат и да се затворат предлозите.

-Конечното решение со сите сугестии нема да биде лесно да се усогласи, но ќе седнеме и ќе работиме до ниедно време за да донесеме правично решение. Во разговорите со независните пратенички групи има сериозни предлози, ја сфаќам нивната суштина. Тоа е и една од причините за одложување на точката од владината седница за внимателно да ги разгледаме, но верувам дека и ВМРО-ДПМНЕ може да достави вакви предлози. Допрва да се формира работна група од експерти кои би работеле на законско решение, би било предложено кога, во октомври 2020? Догодина на пролет? Дајте сериозно да ја сфатиме работата, за нашата земја се работи и за исполнување на стратешка цел – почеток на преговори со ЕУ која носи благидет за сите. Навистина сакам да ме демантираат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не се против законско решение и дека не сакат намерно да го опструираат неговото донесување, а тоа ќе го направат ако дадат предлози, подвелече Заев.

Во врска со Парламентот истакна дека може да се користи периодот од 45 до 60 дена за распуштањето.

-Изборите можат пак да бидат распишани, и на 60 дена, но распуштањето на Парламентот заради вакво законско решение ако треба ден, два, три, пет, седум, нема проблем никаков да биде тоа направено, како што рече и претседателот на Собранието, смрзнувајќи ги неопходните рокови на ДИК, но тие се врзани со распишување на изборите, не се врзани со распуштањето на Парламентот, рече претседателот на СДСМ.

Тој уште еднаш изрази надеж дека до распуштањето на Собранието, ќе бидат донесени законот за одбрана и за јавно обвинителство, како и Протоколот за НАТО кои се исклучително значајни за земјава.

-Верувам дека до рокот за распуштање на Парламентот, до 12-ти, ќе ги изгласаме независно дали ќе поминат или не, а секако, ако има потреба од неколку дена, тоа ќе биде овозможено, истакна Заев.

Законот за јавно обвинителство може да биде изгласан со консензус, на што Заев се надева, со 80 и повеќе пратеници или воопшто да не помине.

-Наша должност е да го ставиме на гласање и да испратиме сериозна порака до Европската комисија. Во однос на тоа што се дава како предлози се однесува на користењето на материјалите, истрагите, како тоа мора да биде дефинирано, континуитетот на предметите. Верувам дека пратеничката група денеска, утре, задутре ќе ги објасни сите овие работи и нам како Влада ќе ни помогне да сфатиме зашто има сериозна аргументација внатре, но не сакаме да донесеме полошо законско решение. Верувам дека процесот низ дијалог и разговор секогаш дава решение. Синоќа многу од работите ми изгледаа тешки, но разговараме, предлозите се на маса. На крајот може и да не се договориме, а може и ќе се договориме, повтори Заев.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

МНР: Во моментов нема евакуации на странски државјани од Кина, наши државјани можат и самостојно да се вратат во земјава

НАЈНОВО

Првиот Ром кандидат за градоначалник на Град Скопје, адвокатот Срџан Амет / фото: А. Мехмети, ЦИВИЛ

Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

September 10, 2025

Макрадули: Станува јасно зошто Владата не ги исполнува ветувањата

September 10, 2025

БРТ е единственото решение за брз и ефикасен превоз во Скопје, смета Шукова

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Али и Мали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk