Ветрот со силен интензитет кој го зафати Скопје покрај дрвја, корнеше и покриви. Зграда на улицата „Вич“ во скопски Карпош 4 остана без дел од кровот. На само 150 местри од зградата, на „Никола Парапунов“ ветрот бутна дрво на среде улица и сообраќаат на кратко беше запрен.
Исто така, граѓани објавуваат фотографии од паднати дрвја во Лептокарија, Карпош 3 и други скопски населби.
На социјалните мрежи синоќа беа споделувани фотографии од паднати дрвjа и билборди во главниот град.
Силниот ветер вечерва остави без струја повеќе скопски населби. На места струја немаше кратко време околу 10 минути, а делови беа без електрична енергија.
Од компанијата ЕВН изјавија дека екипите веднаш излегле на терен и на сите пристапни места се интервенираше, a кориснициите во текот на ноќта добија електрична енергија.
И за денеска метеролозите најавија силен ветер во Скопско и внежи од дожд на пониските, и снег на повисоките места.