ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методологија на ЕК

Социјалдемократите предупредуваат дека новата методологија не смее да се користи како оправдување за дополнително одлагање на преговорите со двете земји и повторно ги повикуваат земјите членки да дадат зелено светло.

February 5, 2020 17:29
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Трите главни политички партии во Европскиот парламент ја поздравија ревидираната методологија на Европската комисија за пристапниот процес и ја поддржуваат европската перспектива на западниот Балкан.

Европската народна партија порача дека се надева дека после ова конечно ќе можат да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија.

– Ова е важно од аспект на кредибилност, ветивме дека ако Северна Македонија на пример ги исполни барањата ќе отвориме преговори и минатата есен не го исполнивме ветеното, изјави Микаел Галер, германски пратеник од ЕПП.

Социјалдемократите предупредуваат дека новата методологија не смее да се користи како оправдување за дополнително одлагање на преговорите со двете земји и повторно ги повикуваат земјите членки да дадат зелено светло.

– Проширувањето е една од најуспешните политики на ЕУ и мора да продолжи затоа што е нашата најдобра алатка за да ги вкотвиме кревките балкански држави на патот на демократските реформи. Точно е дека од последното големо проширување во 2004 научивме многу лекции и методологијата треба да се подобри за да се одговори на легитимните преокупации на граѓаните на ЕУ и на западниот Балкан, изјави Кати Пири, холандска европратеничка од Социјалдемократите.

Центар левицата во Европскиот Парламент бараат поголем фокус во преговорите врз социјалната димензија и животната средина.

Групата на Либералите “Обнова Европа“ верува дека новата методологија ќе создаде потранспарентен и поефикасен процес на преговори за земјите.

-Важно е да се даде нов поттик на процесот на проширување кој Обнова Европа целосно го поддржува. Следниот чекор, по договорот за методологијата, треба да биде отворањето на преговори со Северна Македонија и Албанија. Процесот на проширување треба да биде политички процес, а не само административен, изјави претседателот на пратеничката група на Либералите, Романецот Дачиан Чолош.

Next Post

Сомнителна пратка пристигнала во британската Амбасада во Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk