Суперхикс денес го објавија официјалното музичко видео за синглот „АНА”
„Ана ги оживеа восочните фигури од Суперхикс!“ – би можело да биде поднасловот на оваа интересна приказна што се родила на идеја на Суперхикс, а во видео спот ја претворил Благоја Неделковски.
Во спотот како Ана настапува актерката Сара Анастасовска.
Режијата и монтажата на спотот е на Благоја Неделковски, Кинематографер: Димо Попов
Mузиката е на Дарко Попов, Петар Младеновски и Борис Минов, а текстот го напиша Дарко Попов. Aранжманот е на Суперхикс.
Спотот е по идеја на Суперхикс, во продукција на Фокус Покус Филмс.
Ј. Ѓ.