Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова од струмичко село Босилово исчезна на 18-ти минатиот месец. Исто толку (18) денови минуваат во исчекување на нејзините најблиски и семејството дека таа ќе се врати дома. Младата Брзакова, на 18 јануари (сабота) наутро излегла од својот дом и не се вратила. Каде отишла, засега никој не знае, или пак знае, а на истражителите не им кажува, пишува „Слободен печат“.
Засега само се знае дека таа утрото кога излегла од својот дом, била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса. Исчезнувањето во полицијата го пријавил нејзиниот сопруг. Марија е по потекло од соседното село Турново. Таа е мајка на четиригодишна ќеркичка.
Најблиските велат дека никогаш не би го оставила детето само. По неа трага полицијата, ловџии, селани, роднини и пријатели, но никој нема информација што се случило со Марија тој 18 јануари.
Семејството не сака да дава изјави, соселаните не ја познаваат, бидејќи живеела во Швајцарија, а од полицијата само информираат дека не откриваат детали во корист на истрагата.
Целиот текст ТУКА