ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Некаква правда како да почнува да се наѕира

Во земјава до правда тешко се доаѓа. Таа и натаму доминантно е привилегија на – привилегираните. Па сепак, првите неколкумина разрешени судии поради самоволие, поради инертност, поради игнорирање на правните процедури или поради било што друго, сеедно, се мали, но за почеток мошне значајни придвижувања. Тоа се првите сигнали што барем навестуваат реанимација на македонскиот судски систем.

February 6, 2020 10:54
in ФРОНТ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЗОРАН ИВАНОВ/ЦИВИЛ

По крахот на Специјалното јавно обвинителство, таа последна надеж и прва изневера, деновиве, некако без многу јавно внимание, се случија неколку разрешувања на неколку судии. Причините нотирани во образложенијата се сведуваат на термините инертност, несовесност, непостапување и на некакви слични „недефинирани“ дејствија со арома на корупција.

Имало ли намера во тоа, регистрирани ли се злоупотреби на судискиот статус, сега е неважно. Штом се разрешени, нешто имало. Утврдувањето на фактите останува обврска за судските и за истражните органи. Главната поента во неколкуте вести со ваква содржина е дека конечно во судството нешто почнало да се движи. Дека контролата е зајакната и дека драстичните материјални или морални прекршувања од страна на одделни судии, сепак, биле под нечија лупа. Дека внатре во судството, од совест или од страв сеедно, нешто се придвижува на подобро.

Првата ластовичка, нели, не ја прави пролетта. Во зачмаеното судство, посебно. Па сепак, по децениски коруптивен сон, таму почнува нешто да се случува. Засега тоа не е посакуваната метла. Но, за почеток и благ ветинг е некаков сигнал. Мала надеж дека на сваровски судството полека му доаѓа крајот.

Македонија деценија и кусур беше партиски заробена држава. Со окупирани институции, блокирано обвинителство, приватизирано судство. Не беше и не е тоа перцепција само на јавноста и на некои субјективни партиски или независни аналитичари. Од година во година, констатацијата е содржана во сите извештаи како на Европската комисија така и на влијателни меѓународни невладини центри.

Во земјава до правда тешко се доаѓа. Таа и натаму доминантно е привилегија на – привилегираните. Па сепак, првите неколкумина разрешени судии поради самоволие, поради инертност, поради игнорирање на правните процедури или поради било што друго, сеедно, се мали, но за почеток мошне значајни придвижувања. Тоа се првите сигнали што барем навестуваат реанимација на македонскиот судски систем.

По овие засега сѐ уште благи и недоволно уверливи сигнали, останува деновите пред нас да покажат дали овие првични судски прочистувања се само инцидентни или е тоа почеток на континуирано проветрување на зачмаените судски ешалони. Дали се тоа првите смели чекори за расчистување со длабоката недоверба спрема недопирливите судии или пак е тоа само замачкување очи и благо хипнотизирање на јавноста.

И, посебно, дали судското тркало ќе продолжи во таа насока или разни политички и бизнис моќници и натаму ќе му ги подметнуваат своите коруптивни клипови. И дали како досега тие ќе продолжат да му пресудуваат на судството или тоа конечно ќе почне да им суди ним.

Појавата е далеку од систем. Па сепак, некаква правда како да почнува да се наѕира.


Сите права се задржани. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ.

Next Post

Приведени двајца млади кај кои биле најдени ножеви

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk