ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува реконструкција на патот Крива Паланка-Деве Баир

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ Зоран Китанов, евроамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси, извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на патот кој е дел од Паневропскиот коридор што ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија и е најфреквентна делница во товарниот транспорт

February 6, 2020 15:10
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со средства во износ од 12,5 милиони евра, ќе се реконструира 13 километри пат од Крива Паланка до граничен премин Деве Баир, дел од коридорот 8. На локацијата кај село Узем, Кривопаланечко, денеска официјално почнаа градежните работи од проектот „Побезбедно патување и подобра поврзаност на граѓаните на Северна Македонија“ поддржан од Европската унија и Програмата за инвестирање.

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие „Државни патишта“ Зоран Китанов, евроамбасадорот Самуел Жбогар и директорот на канцеларијата на ЕБОР во Скопје Анди Аранитаси, извршија увид во отпочнувањето на градежните активности за рехабилитација и реконструкција на патот кој е дел од Паневропскиот коридор што ги поврзува Бугарија, Северна Македонија и Албанија и е најфреквентна делница во товарниот транспорт.

-Овој регионален пат е значаен не само за регионот, туку за целата држава, преку кој ја олеснуваме регионалната трговија и го подобруваме транспортот на стоки и услуги. Реконструкцијата на регионалниот пат е воедно и олеснување на транспортот кон земјите од ЕУ, како и кон оние од Западен Балкан, а соочувајќи се со овој предизвик, имаме  посебен акцент на модернизација на патните правци кои водат кон граничните премини. Овој е еден од патните правци што е значајна алка за извоз на макеоднските производи. Патниот правец Крива Паланка-Деве Баир е еден од најфреквентните во товарниот сообраќај, а наша стратешка определба е модернизирање на трасата на коридор 8 што ја поврзуав оската исток-запад, поради што искажувам благодарност до ЕУ и ЕБОР што овозможуваат финансиска поддршка во реализација на вакви капитални инвестиции, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски.

Евроамбасадорот Семуел Жбогар, изјави дека како почесен граѓанин на Крива Паланка се радува за отпочнувањето на овој проект важен и за поврзувањето на државите и за зајакнување на економијата.

-Ова е прв проект од Берлинскиот процес што го почнавме бидејќи ЕУ цврсто верува во моќта на поврзувањето, поврзувањето на Софија-Скопје-Драч, Тирана, но патот воедно ќе биде и побезбеден за граѓаните, побрз и подобар за зачувување на животната средина. Истовремено, патот ја симболизира добрата релација со Бугарија како членка на ЕУ, порача Жбогар.

Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за С.Македонија, рече дека дека подобрувањето на поврзаноста и општинската инфраструктура во земјите од Западен Балкан е еден од приоритетите на ЕБОР во регионот.

-Ние остануваме силен партнер во подршката на овие напори. ЕБОР го финансира проектот со заем од 10 милиони евра, а ЕУ обебедува 2,4 милиони евра инвестициски грант од програмата за Западен Балкан. Моментно, условите на постоечките патишта не се добри, има ограничувања од 50 километри на час, а поголем дел од делниците се со остри кривини. Подобрувањето на патот ќе го зајакне квалитетот на превоз на стока и луѓе и ќе го поттикне економскиот развој, како и регионалната интеграција, рече Аранитаси.

Директорот на ЈПДП, Зоран Китанов, истакна дека цело е кога има се, а овој дел е значаен за заокружување на целината на патната инфраструктура до и од Крива Паланка.

-Еден од нашите приеоритети е и продолжување на подобрувањето на патната инфраструктура на коридорот 8 и Владата ќе работи на модернизација на овој коридор до ниво на автопат или експресен пат согласно потребите и фреквенцијата на делницата, со цел посигурен и побрз транспорт на луѓе и стоки. Паралелно се врши целосна рехабилитација на стариот пат Крива Паланка-Ранковце што ќе заврши напролет. Минатата недела заврши тендерот и воведен е во работа изведувачот на делницата од Страцин до Ранковце, а во февруари ќе се работи од Куманово до Страцин, така што за година-две Крива Паланка ќе има комплетно обновена патна инфраструктура, рече Китанов.
Изведувач на градежните работи е „Гранит“, а рокот за реализација е 24 месеци.
ЕБОР инвестира во Северна Македонија од 1993 година и досега има потпишано 128 проекти вредни над две милијарди евра, од кои 85 отсто се за проекти во одржливиот инфраструктурен сектор.
Next Post

Шилегов ги критикува ЈО и ДИЖС по скандалот со медицинскиот отпад

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk