Две жени на возраст од 53 и 70 години вчера настрадаа во сообраќајка, откако биле удрени со автомобил додека оделе по улица, соопшти МВР.
Во средата , во 17.21 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, патничко возило „тојота корола“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(34) од Битола, удрило во пешакот Љ.Т.(70) од Битола. Во незгодата, Љ.Т. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Клиничката болница Битола за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Битола.
Истиот ден, во 22.20 часот на крстосница од ул.„Бледски договор“ и „Трифун Пановски“ во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(20) од Скопје, удрило во пешакот Р.Ј.(53) од Скопје. Во незгодата, Р.Ј. се здобила со тешки телесни повреди, по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.