ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сенатот пресуди: Трамп останува претседател на САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен по двете обвиненија покренати против него. Со тоа, заврши процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, четврти во американската историја. Како и што се очекуваше, резултат од денешното гласање во Сенатот е ослободување од обвиненијата и по двата предмета на импичментот, злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

February 6, 2020 10:37
in СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, на клучното гласање во Сенатот на САД во рамките на судската постапка за негово отповикување, беше ослободен по двете обвиненија покренати против него. Со тоа, заврши процедурата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, четврти во американската историја. Како и што се очекуваше, резултат од денешното гласање во Сенатот е ослободување од обвиненијата и по двата предмета на импичментот, злоупотреба на власта и попречување на работата на Конгресот.

На тој начин вината од претседателот е симната и тој продолжува да владее како шеф на државата.

Како што беше планирано, гласањето започна во 16 часот по локално време, и се траеше околу половина час. Интересно е да се напомене дека гласањето беше по редослед, по прашање на писарот во салата, секој сенатор гласно ја соопштуваше својата пресуда. Прво гласаа по првиот предмет а потоа и по вториот..

Од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, по првиот предмет 52 сенатори гласаа „не е виновен“, додека 48 гласаа „виновен“. По вториот предмет пак, 53 сенатори одлучија „не е виновен“, додека 47 пресудија „виновен“. Разликата е во тоа што еден републиканец, сенаторот Мит Ромни, по првиот предмет пресуди дека Трамп е виновен. Со тоа, Трамп стана прв претседател во историјата на САД, за кого член од неговата партија пресудил дека е тој е виновен.

Како резултат, многу повеќе републиканци пресудија „ не е виновен“, и бидејќи за ослободување се потребни само една третина од 100 члениот Горен дом на американскиот Конгрес, или 34 гласови, вината од Трамп беше симната.

.Од Белата куќа најавија дека Трамп утре ќе има свое обраќање во врска со импичментот.

Одговорноста на претседателот на САД се утврдува во две последователни фази. Првата е отповикување или импичмент, а втората е негова смена од претседателската функци. Според Уставот, Претставничкиот дом на Конгресот на САД е надлежен за отповикување на претседателот, а Сенатот за негова смена. За време на судењето, сенаторите стануваат судии-поротници, кои ја носат конечната одлука. Отповикувањето на претседателот се врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Претставничкиот дом, а смената од функцијата со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број сенатори.

Првиот импичмент на претседател во САД е покренат против Џон Тилер во 1842 година, кој бил одбиен со мнозинство гласови во Претставничкиот дом. Од вкупно 45 претседатели само против четворица е прифатен импичмент, од кои тројца беа подложени на судење во Сенатот и тоа Ендру Џонсон, Бил Клинтон и Доналд Трамп.

Импичментот на Трамп почна на 24 септември 2019 година, по што Долниот дом утврди две основи за одговорноста на Доналд Трамп. Првата е злоупотребата на власта, со вршењето притисок врз странски претседател за своја политичка корист, а втората е опструкцијата на Конгресот на САД. На 18 декември, Претставничкиот дом го отповика Доналд Трамп од претседателската функција со мнозинство на гласови (230 наспроти 198). Трамп е обвинет и за опструкцијата на Конгресот поради тоа што одби да соработува во постапката за импичмент. Исто така, тој побарал членови на власта да не сведочат во Сенатот, ниту да ги даваат бараните документи, без разлика на судските налози.

Next Post

Мицкоски: Од нас ќе зависи како ќе се одвива процесот на преговори за ЕУ

Shortcut

Најново

Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk