ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Доколку ЕУ остане неодлучна, ќе му направи голема штета на регионот

МНР Димитров истакна „Изразуваме голема благодарност на Премиерот Пленковиќ за неговиот активен и недвосмислен ангажман во прилог на европската перспектива на нашиот регион.  Влогот во март е голем. Доколку ЕУ остане неодлучна наместо да му помага и поддржува, ќе му направи голема штета на регионот.

February 7, 2020 11:23
in ДЕНЕС

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во рамките на работна посета на Република Хрватска, остварија средба со Претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреја Пленковиќ.

„Како непосреден сосед на Западниот Балкан и практично дел од поширокиот балкански регион, немам дилема дека Република Хрватска искрено се залага за промоција и интензивирање на европските перспективи на целиот Балкан, а имајќи ги предвид долгогодишните пријателски односи, и искрената поддршка за европските интеграции на Република Северна Македонија“, истакна Османи, пренесувајќи ги пораките на благодарност на Владата за активниот пристап на Хрватска по преземањето на претседателството со ЕУ, како и за личниот ангажман на Премиерот Пленковиќ за интензивирање на процесот на проширување.

„Новата методологија на Комисијата претставува добра основа да добиеме навистина квалитетен процес на преговори, што несомнено ќе биде од корист за граѓаните кои ќе добијат квалитетни и спроводливи реформи; уште повеќе, методологијата претставува и добра основа за земјите – членки да ги надминат разликите околу политичката контрола на овој процес, што ќе отвори простор за да се обезбеди консензус од страна на Европскиот совет за старт на преговорите на самитот на ЕУ во Март“, истакна Османи.

МНР Димитров истакна „Изразуваме голема благодарност на Премиерот Пленковиќ за неговиот активен и недвосмислен ангажман во прилог на европската перспектива на нашиот регион.  Влогот во март е голем. Доколку ЕУ остане неодлучна наместо да му помага и поддржува, ќе му направи голема штета на регионот.

Нејзината геополитичка амбиција тешко ќе се оствари без завршување на работата околу земјите кандидати со перспектива за зачленување во ЕУ потврдени со Самитите во Загреб 2000 и Солун 2003 година. Во пресрет на мартовските дискусии на Советот помошта на Хрвтска ќе биде од клучно значење да се подготви теренот и да се овозможи донесување на одлуката за преговори заедно со методологијата. Методологијата според нашите оценки дава повеќе за оние кои ќе постигнат повеќе а нуди помалку за оние кои нема да успеат да испорачаат доволно. Затоа сметаме дека за нас таа претставува шанса да го надополниме изгубеното време и да се докажеме дека сме способни да го изодиме патот до зачленувањето. Загрепскиот самит во мај ќе биде уште една важна отсечка за зацврстување на вниманието на ЕУ кон регионот и димензионирање на нови иницијативи за негова поддршка во политичка и економска смисла.    

 Пленковиќ ја реафирмираше поддршката и активната улога на Република Хрватска за почеток на преговорите со Република Северна Македонија во рамките на Хрватското претседателство со Унијата, посочувајќи на подготвеноста на земјата за старт на преговорите. Покрај поддршката за пријателските земји, Пленковиќ потенцираше дека интеграцијата на Западниот Балкан во ЕУ претставува и директен интерес на Република Хрватска, изразувајќи надеж дека овие амбиции ќе се реализираат пред загрепскиот самит во Мај, посветен токму на односите меѓу ЕУ и Задниот Балкан.

Во рамките на посетата на Хрватска, Османи и Димитров остварија средби и со Министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, како и со Претседателите на собраниските комисии за надворешна политика, и за европски прашања, при Хрватскиот сабор, Миро Ковач и Домагој Иван Милошевиќ.

Next Post
Фото:  Јане Ѓорѓиоски

За викендот сончево, но со студени утра

НАЈНОВО

Бујар Османи

Османи: Обвинителството и Антикорупциска немаат најдено ниту една забелешка околу организирањето на Самитот на ОБСЕ

August 28, 2025

Финалето во Лигата на шампиони од наредната година во попладневен термин

August 28, 2025

Трамп во Белата куќа одржа состанок за Газа со зетот Кушнер и поранешниот британски премиер Тони Блер

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk