Сите факти во врска со скандалот со медицинскиот отпад покажуваат дирекнта поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој до денеска го брани Христијан Мицкоски. Режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за овој голем скандал, изјави денеска порпаролот на СДСМ, КОстадин Костадинов.
Тој рече дека обвинителката во предметот, која два месеца се немаше изјаснето за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа го потврдуваат Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска во објавените бомби.
– Зошто обвинителката два месеца го криеше предметот од јавноста? Зошто два месеца не е повикан сопственикот на Еко клуб? Горан Ангелов, кој долги години беше директор на Дрисла и го примал несоодветно третрираниот отпад е исто така кадар на ВМРО-ДПМНЕ и кандаидат за претседател на партијата – додаде Костадинов.
Според него, јасна е поврзаноста на Сашо Јанакиевски со режимското владеење на Никола Груевски.
– Каква е поврзаноста на Јанакиевски со Ангелов и колку отпад пренеле во Дрисла ќе мора да утврди обвинителката избрана од нивната партија. Се покажува дека за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поважно е да се заташка случајот, откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните, рече тој.
Појасни дека, по 9 години, Дрисла е преземена и овие скандали на ВМРО-ДПМНЕ се откриени о дека одговороност за овој огромен скандал директно поврзан со ВМРО-ДПМНЕ мора да има.