Кога си врзан за домот, а не за радијаторот. Топла, пријатна атмосфера и мирис на вкусна храна што крчка нѐ пречека вчера во групниот дом во село Корешница. Четворицата корисници од заводот Демир Капија добиле свој дом. Со секого од нив, вработените работат индивидуално и секојдневно ја градат меѓусебната доверба. Вистински контраст со безличноста, сивилото и едноличноста на големите институции, напиша заменик дополнителната министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ на својот Фејсбук профил.
Шкријељ напиша:
Неодамнешната пресуда на судот во Стразбур за случајот на момче со попреченост врувано за радијатор во една од институциите во 2014 година нѐ потсети дека токму институциите беа места кадешто се случуваа прекршувања на основните човекови права.
Токму затоа правиме деинституционализација! И ќе продолжиме сѐ додека и последното лице сместено во институција не добие катче што ќе може да го нарече свој дом.