Од низа извештаи од теренот, поткрепени со фотографии, изјави и извадоци од социјалните мрежи, се формира сликата за офанзивата на политичкото подземје во земјава, насочено против пратеници кои по своја волја сакаат да гласаат за Законот за јавно обвинителство.
Исто така, од упатени и релевантни извори, се дознава дека луѓето на Мицкоски се во директна и постојана врска со азилантот во Будимпешта под чија команда се тероризираат парламентарците изминативе денови.
Пратениците за кои се претпоставува дека сакаат да размислуваат со своја глава и во согласност со македонските стратешки национални интереси се мета на невидени закани по безбедноста и животот, не само на парламентарците, туку и на членовите на нивните семејства.
Кога од денешна перспектива ќе се спореди овој притисок со тој за уставните измени пред една година, излегува дека името и не им било толку важно, но одењето в затвор и осудите во нови судски предмети за тешките криминали, ги натерало структурите од раководството на ВМРО-ДПМНЕ да посегнат по директни и индиректни закани по пратеници кои одлучиле да гласаат за законот за јавно обвинителство.