ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Заев: Тајмингот за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е исклучително важен

– Ќе ви докажеме и Вам почитувани пријатели и на ЕУ дека македонскиот народ е за европска иднина, независно од различниот став на поединечни земји, и ќе побараме од ЕУ да се обврзе на понатамошна поддршка во развојот на капацитеите и самите процеси. Ќе ви докажеме дека навистина работиме на тоа и ќе успееме да ја донесеме Еворпа дома, порача Заев од конференцијата.

February 9, 2020 11:49
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, нагласи  дека за нас тајмингот за добивање датум за почеток на преговори со ЕУ е исклучително важен. Добивањето датум за преговори што е можно побрзо, потенцира, за нас ќе направи огромна разлика.

– Имаме целосна доверба дека лидерите на земјите членки на ЕУ ќе смогнат сили, ќе преземат одговорност и ќе ни ја дадат јасната европска перспктива, со што ќе ја вратат довербата во т.н. оживеан евроинтеграциски процес, рече во обраќањето Заев.

Посочи дека недонесување на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ предизвика големо разочарување и горчина, но истовремено, како што рече, не мотивираше да продолжуиме уште посилно да ја трансформираме државата и да ги постигнеме еропските стандарди за да станеме полноправна членка на ЕУ.

Поздравувајќи го новиот предлог односно новата методологија за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, Заев подвлече дека тоа за нас е суштински чекор во приближување на нашата земја до европското семејство.

– Ќе ви докажеме и Вам почитувани пријатели и на ЕУ дека македонскиот народ е за европска иднина, независно од различниот став на поединечни земји, и ќе побараме од ЕУ да се обврзе на понатамошна поддршка во развојот на капацитеите и самите процеси. Ќе ви докажеме дека навистина работиме на тоа и ќе успееме да ја донесеме Еворпа дома, порача Заев од конференцијата.

Потсети дека оваа конференција се случува во период кој за СДСМ има многу големо значење затоа што на 9 февруари во 2015 година, рече Заев, почначе јавно, без страв и со големи амбиции да ги кршат прангите на режимот.

– Горд сум што за неполн мандат за три години успеавме од киднапирана земја, длабоко потоната во внатрешно политичка криза, со целосно блокиран процес за евроатлантски интеграции, со оценка за заробена држава и во меѓународна изолација, да го смениме ликот на РС Македонија. Од авторитарна во земја која гради европска индина, развива пријателски односи со своите соседи и создава услови за стабилна демократска економска силна и просперитетна држава. Вложивме натчовечки напори и успеавме да ја вратиме земјата на патото кон ЕУ и НАТО, истакна Заев.

Тој нагласи дека РС Македонија од пасивен учесник стана во активен чинител во Берлинскиот процес и годинава е копретседавач заедно со Бугарија.

 

Според словенечка европарламентарка од социјал-демократската група, Тања Фајон, присуството на многу пријатели е доказ дека има голема меѓународна поддршка за тоа што го правите, особено со постигнатите историски договори.

– Со новата методологија за проширување силно верувам дека во март ќе добиеме силна порака дека проширувањето продолжува и дека Северна Македонија и Албанија ќе ги отворат прегпвирите. Тоа е заедничка цел на сите нас, изјави Фајон.

Времето, порача таа, ќе покаже дали новата методочогија ќе отвори повеќе блокади или ќе го забрза процесот на економска и културна соработка.

 

Според Илхан Ќучук – европратеникот од либералната група АЛДЕ и известувач за Северна Македонија во ЕП, новата методологоја е политички процес, за нешто што досега беше админстративен процес.

-Затоа ЕК ја донесе новата методологија, зошто сака да го забрза овој процес. Во однос на новата реверзибилност на процесот, иако верувам дека владеењето на правото е важно, сепак мислам дека ме загрижува. Еу има проблеми внатре со земјите кои веќе се членки.
Но, не треба да ги изнесуваме проблемите на Еу во Западен Балкан. Има потреба од реформа на еу, но не можеме да речеме на земјите од западен балкан чекајте тука ние треба реформи да правиме, изјави Ќучук.

Еу, посочи тој, не е за една или друга политичка елита во некоја земја, туку за доброто на народот на државите.

– Бугарија сака да има одговорна улога во еу. Затоа сакаме да ги убедиме европските партнери дека не смее да направиме втора грешка во Загреб, како таа во октомври, изјави Ќучук.

 

Тонино Пицула – хрватски европатеник од социјал-демократската група, рече дека сега главното прашање во ЕУ е како да се продолжи понатаму.

– Иако многу од ЕУ рекоа дека треба прво да се реформира ЕУ за потоа да се проширува, јас не верувам во тоа. Сметам дека тоа се и треба да бидат паралелни процеси. Верувам дека Еу треба да остане на својот незавршен процес на проширување. Еу и Западен Балкан се блиску врзани, историски и културно, изјави Пицула.

Носењето на новата методологија за два месеци, рече тој, е цврст доказ дека еу може да делува брзо кога има потреба.

– Проширувањето е геостратешка инвестиција. Силно поддржувам отворање на преговори со Северна Македонија и Албанија. Верувам дека годината ќе ја завршиме посјајно од тоа како ја почнавме, изјави Пицула.

Предизвиците на земјите од Западниот Балкан со кои се соочуваат на патот на евроинтегративниот процес е главна тема на меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, што денеска се одржува во Скопје во организација на повеќе невладини организации од регионот.

Конференцијата e завршен настан на регионалната едукативна младинска програма „Прогресивна политика во Западен Балкан – ПрогВеБ“ и е во организација на повеќе невладини организации од регионот: Прогрес – Институт за социјална демократија од Северна Македонија, Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина, Фондација „Ќемал Стафа“ од Албанија, Форум на леви иницијативи од Босна и Херцеговина и Центар за модерни вештини од Србија, поддржани од шведскиот Олоф Палме интернационален Центар и Меѓународната фондација на Центар партијата.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на министерот Никола Димитров

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk