ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

Аматерски хуманитарен велеслалом во Маврово од 21 до 23 февруари

Според правилата, секој тим мора да е составен од тројца учесници во две категории – машка и женска и тимот може да биде составен само од скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери. Во машка категорија има поделба на јуниори – ученици на возраст до 40 години и ветерани кои се на возраст над 40 години.

February 10, 2020 09:56
in СПОРТ
Share on FacebookShare on Twitter

На падините на Маврово годинава по 18-ти пат ќе се одржи традиционалниот Аматерски хуманитарен велеслалом. Од 21-ви до 23-ти февруари, на хуманитарниот велеслалом ќе учествуваат компании кои, преку котизација, ќе дадат поддршка на Фондацијата Импакт, која преку проектот „PAWSITIVE IMPACT“ се грижи за бездомни животни.

Организатор на настанот е ресорт „Маврово“, чиј сопственик Огњан Циговски потенцира дека ова не е новина за компаниите, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност.

– Во изминатите 17 години, компаниите преку учеството на хуманитарниот велеслалом, поддржаа бројни хуманитарни активности. Како организатор обезбедуваме и видливост за секоја компанија – учесник во хуманитарниот настан, односно, учесниците имаат можност на целната рамнина да постават свој банер, реклама или брендирано знаме со лого. Покрај можноста да бидат лесно препознатливи, ќе можат и да навиваат за своите натпреварувачи. Ова не е новина за компаниите со професионални скијачи и скијачи аматери, кои редовно се дел од оваа хуманитарна активност, со која годинава ќе помогнеме на група немоќни, но воедно и најдобри пријатели на човекот“, вели организаторот Циговски.

Според него, оваа донација ќе обезбеди заштита од студот и оброци за бездомните кучиња преку „PAWSITIVE IMPACT“, проект за помош на бездомни животни имплементиран од Фондација Импакт, непрофитна организација АМОС Шелтер и Општина Маврово и Ростуша.

– Собраните пари ќе се искористат за конкретни активности, како што се формирање тим за волонтирање и помош во Маврово, подигнување на свесноста за одговорност кон уличните животни, подготовка на информација и на организација на систем за одделување, селектирање, пакување и доставување храна од хотелите на Ресорт„ Маврово“ до стационарот за бездомни кучиња Амос Шелтер и на познати локации во село Маврово, стерилизација на бездомните кучиња во Маврово, вакцинирање и прочистување од паразити, акција за вдомување на бездомните животни од Маврово и Амос Шелтер, создавање тим билдинг програма каде општествено одговорни компании може да помогнат во изградба на живеалишта и засолниште за бездомни животни, како и изградба на топли еко-куќарки на различни локации во Маврово каде привремено ќе можат да се стоплат кутрињата, информира тој.

Според правилата, секој тим мора да е составен од тројца учесници во две категории – машка и женска и тимот може да биде составен само од скијачи, само бордери или мешано, скијачи и бордери. Во машка категорија има поделба на јуниори – ученици на возраст до 40 години и ветерани кои се на возраст над 40 години.

Пријавувањето за учество е преку електронската адреса: events@bistra.com со назнака „ПРИЈАВУВАЊЕ за 18-ти АХВМ“, а повеќе детали за правилата и пријавувањето може да најдете на http://skimavrovo.com/node/24.

Првиот аматерски хуманитарен натпревар во велеслалом се одржа од 7-ми до 9-ти март 2003 година на ски- лифтот „Галички“, во дисциплините паралелен велеслалом и велеслалом. Тогаш учествуваа 35 тимови со повеќе од 100 учесници. Годинава, котизацијата за пријавување на еден тим изнесува 12.000 денари.

Next Post

Пациент со сомнение за коронавирус примен во болница во Солун

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Генералниот директор на Би-Би-Си поднесе оставка поради документарец за Трамп

November 9, 2025

(ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

November 9, 2025

Која музичка ѕвезда ја отелотворува твојата хороскопска енергија

November 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот беше актер, а вморонот декор, сега вморонот е актер, а Македонецот декор!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сем Алтман – што може GPT-5 и за колку време да очекуваме научни достигнувања од ВИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓорѓиевски вели дека акцијата 72 часа чисто Скопје е успешно реализирана – собрани над четири и пол илјади тони отпад

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што е проектот „Stargate“ – мегапорталот кон иднината на ВИ вреден 500 милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk