Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ ќе бидат намалени малопродажните цени на горивата.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 денари/литар, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 65,50 ден/лит, додека онаа на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) – 57,50 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 денар и ќе се продава по цена од 67,50 ден/литар.