ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерот Филипче најави три нови апарати за магнетна резонанца за бoлниците во Охрид, Прилеп и Гостивар

February 10, 2020 15:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го посети Одделението за третман на деца со потешкотии во развојот при Општата болница во Охрид, што беше отворено пред неколку месеци со поддршка на Владата на Република Бугарија.

Во Центарот, што е единствен во регионот се лекуваат и престојуваат деца со посебни потреби од Охрид, Кичево, Струга, Ресен, а со нив работат експерти од областа, дефектолози, невролози, невропсихијатри…

Тој разговараше со надлежните од установата, за потребите од натамошно зајакнување на капацитетите на експертскиот кадар во болницата, најавувајќи дополнителни специјалистички дообразби на лекарите, како и опремување на болницата со нов апарат за магнетна резонанца, со оглед на големата потреба од такви дијагностички снимања за пациентите од градот и околината.

– Станува збор за исклучително важен апарат за жителите во регионот, имајќи предвид на големиот број сложени интервенции што се спроведуваат во болницата и во другите здравствени установи во градот, а имаат потреба од такво вид снимање, рече министерот, најавувајќи дека во Охрид ќе ги посети уште и Специјалниот завод за третман на кардиоваскуларни заболувања и Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, чија изградба е во тек.

По однос динамиката на реконструкцијата на „Свети Еразмо“, Филипче истакна дека градежните активности се при крај, со очекувања дека тие би требало да бидат заокружени до крајот на мај годинава.

– Тоа ќе биде современ, модерен центар за третман на ортопедски пациенти, но и за пациенти со комплексни кардиолошки заболувања, со тоа што дел од кардиолошките интервенции ќе продолжат да се работат во постојната зграда на Заводот за кардиологија, додека комплексните интервенции за кои е неопходна посовремена апаратура ќе се изведуваат во рамки на болницата „Свети Еразмо“, рече Филипче.

Кога станува збор за апаратот за магнетна резонанца, тој ќе биде набавен од развојниот буџет на ресорното Министерство, преку кој уште ќе бидат обезбедени такви апарати уште и за потребните на центрите во Прилеп и Гостивар. Постапката за набавка на апаратура ќе биде отпочната за две седмици.

Што се однесува на подобрувањето на состојбите со недостиг на специјалисти педијатри и гинеколози во целата држава, Филипче најави дека решението на проблемот ќе се бара преку искуствен модел на функционирање на примарната здравствена заштита во Република Словенија, по пат на циркулација на лекарите од болниците и здравствените домови.

– Со измените во Законот за здравствена заштита при недостиг на одреден број специјалисти, на сите специјалисти ќе им биде овозможено да работат и како матични лекари, но и во болничките установи преку дежурства за што ќе бидат соодветно платени. Таму каде недостигаат матични лекари ќе биде дозволено, преку посебен печат болничките специјалисти да работат и како матични лекари…Верувам дека во периодот што следува дополнителните услуги што матичните лекари ќе можат да ги пружаат во јавните здравствени установи навистина ќе доведат до полесен пристап на пациентите до соодветна здравствена заштита, рече министерот Филипче.

Владата денеска својата редовна осма седница ќе ја одржи во Охрид, како петта од серијата седници, што се одржуваат во десет региони во земјата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk