Ексклузивно дознаваме дека Законот за јавно обвинителство нема да се повлече и дека во Собранието е текстот на законот што е договорен. Поточно, нема суштински измени што се направени преку ноќ, како што имаше обиди да се претстави финалниот текст на овој стратешки важен закон за кој треба да се одлучува на собраниската седница.
Попладнево, пред самиот почеток на Собраниската седница посветена на Законот за јавно обвинителство, во јавноста проструија информации дека седницата нема да се одржи, а потоа и дека самиот закон ќе биде повлечен, како и тоа дека законскиот текст е менуван во текот на ноќта. Сите тие информации, според нашите извори, се неточни.
А. Зеќири