ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот за Јавно Обвинителство во матична комисија, чекор пред финализација

Во Собрание бил по грешка донесен Законот со грешки, кој не бил утврден на седница на Влада. Потоа по реакција на пратениците на ДУИ потврдивме дека е поднесен погрешен текст на законот, кој текнички го повлековме и во Собрание го донесовме Законот кој бил утврден на владина седница. И затоа не е вистина дека текстот не е утврден во Владина седница, рече Дескоска

February 11, 2020 13:58
in ПРАВДА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Почна расправата за Законот за Јавно Обвинителство во комисијата за европски прашања како матична комисија, а потоа законот ќе се упати за финално гласање на пленарна седница.

Министерката за правда во нејзиното образложение на почеток ги исфрли обвинувањата на опозицијата пласирани и вчера и денеска на почетокот на комисијата. Дескоска тврди дека законот е утврден во Влада.

„Во Собрание бил по грешка донесен Законот со грешки, кој не бил утврден на седница на Влада. Потоа по реакција на пратениците на ДУИ потврдивме дека е поднесен погрешен текст на законот, кој текнички го повлековме и во Собрание го донесовме Законот кој бил утврден на владина седница. И затоа не е вистина дека текстот не е утврден во Владина седница”, рече Дескоска.

Предложениот текст, Десковска рече дека дава гаранции за борба против криминал и корупција како и за продолжување на постапките отворени од СЈО. Овој закон според неа дава и гаранции за независност на Јавните Обвинители.

„Станува збор за закон кој создава услови за создавање ефикасно обвинителство за борба против криминал и корупција. Се создават гаранции за обвинители од Обвинителството кое ќе треба да следи кривични дела и корупција од страна на високи функционери и им се дава континуитет на отворените предмети. Една од гаранциите е дека не може еден обвинител да земе предмет од обвинителството за гонење организиран кримунал и корупција освен во ситуации кога се утврдува злоупотреба, или прекршувања. Со оглед на тоа што законот беше профилизиран со пратениците, на предлог на некои пратеници е внесена нова постапка за избор на обвинител за Обвинителство за организиран криминал, преку гласање на сите обвинители, а тој потоа ќе биде изгласан од Советот на Обвинители”, рече Дескоска.

Претходно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побараа законот да се исфрли од дневниот ред, но предлогот беше одбиен со мнозинството гласови од членовите на комисијата.

А. Зеќири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Заев: Тие еден чекор назад, ние три чекори напред, нашето место е во ЕУ и НАТО!

НАЈНОВО

Обвинителството бара притвор за 6 лица, мерки на претпазливост за 15 во случајот „Прилепска болница“

October 22, 2025

Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

October 22, 2025

Судењето за „Онкологија“ продолжи со сослушување на сведоци

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Данела Арсовска по соопштението од Владата: Мицковски несреќо, на кого се закануваш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk