ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мизрахи со негативно мислење да се зголеми опфатот за материјално згрижување на стечајците

– Предлогот на Закон е неприфатлив бидејќи периодот од усвојувањето на Законот чиешто изменување и дополнување се прави,до денес,е прекраток за да се добијат сознанија колкав би бил опфатот на лицата,односно дали донесувањето на предложените измени е целисходно, пишува Мизрахи во своето образложение за негативното мислење.

February 12, 2020 17:45
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи даде негативно мислење на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, по скратена постапка, поднесен од пратеникот Панчо Минов, пишува Локално.мк.

– Предлогот на Закон е неприфатлив бидејќи периодот од усвојувањето на Законот чиешто изменување и дополнување се прави,до денес,е прекраток за да се добијат сознанија колкав би бил опфатот на лицата,односно дали донесувањето на предложените измени е целисходно, пишува Мизрахи во своето образложение за негативното мислење.

Со овој закон се уредуваат условите за стекнување и начинот на користење на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, на невработените лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок (во натамошниот текст: невработено лице), во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, во периодот од 1 јануари 1993 година, заклучно со 30 јуни 2019 година.

Невработено лице во смисла на членот 1 од овој закон е лицето:

– кое било најмалку 15 години во работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата, утврден со М1/М2 обрасци,

– на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни 2019 година, во претпријатие со доминантна сопственост на државата или на кое работниот однос му престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, по приватизација на претпријатието, под услов истиот да бил заснован додека претпријатието било со доминантна сопственост на државата и при приватизацијата да не дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), а доколку дошло до промена на единствениот матичен број на субјектот (ЕМБС), претпријатието да произлегло од претпријатието со доминантна сопственост на државата врз основ на статусна промена, согласно со закон,

– кое на денот на поднесување на барањето од членот 6 став 1 од овој закон е на возраст од најмалку 52 години (жена), односно 55 години (маж),

– кое остварило право на паричен надоместок по 1 јануари 1993 година и

– кое од 30 јуни 2019 година до денот на влегувањето во сила на овој закон, не било во работен однос.

Постапките за остварување на право на материјално обезбедување на невработените лица започнати до денот на влегувањето во сила на овој закон, ќе завршат според Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата („Службен весник на Република Македонија“ број 132/17 и 51/18) и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата („Службен весник на Република Македонија“ број 198/18 и 241/18).

Next Post

Уште една епизода од бескрајната турбо-фолк пропаганда

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk